БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Невозможно е фирмата „Санос“ со 3-ца вработени да направи 70 автобуси

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Почитувани,

Јавноста со право се прашува како е возможно фирма со 3-ца вработени да направи 70 автобуси. Јавноста со право се прашува како е возможно на вака крајно сомнителна фирма како „Санос“ Зоран Заев да и ветува државна директна субвенција изразена во милиони за извоз за која постои сомнеж дека воопшто се случил.

За овој случај упорно молчи владата на СДС и самиот Зоран Заев. Молчат затоа што се фатени во матна зделка за која постои основ да биде истражена од надлежните институции и обвинителството.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Зоран Заев не смее да се однесува со државните пари како да се сопственост на неговиот татко. Тие пари граѓаните ги плаќаат и имаат право да знаат на кои фирми тоа Заев ветува државни субвенции. Граѓаните сакаат да знаат како е можно фирма која функционира во пропаднати хали и која има само 3-ца вработени може да произведе 70 автобуси и за тоа да биде частена од Заев со дополнителни субвенции.

Кој има ќар од вакви дотации кои ги најавува Заев, граѓаните, тројцата вработени во „Санос“ или можеби тој лично?

Одговори, но и одговорност за евентуални криминали мора да има.

Матните зделки за кои јавноста виде дека Заев ги правеше во Струмица не смеат да се повторуваат на централно ниво. Граѓаните ќе застанат на патот на овие скандали веќе на 15-ти октомври. Казната тогаш ќе ги стигне за сите погрешни чекори во економијата и сомнителни зделки кои се врзуваат директно за името на Зоран Заев.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace