БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Никола Груевски со своја честитка по повод денешниот роденден на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во 129. година од основањето на ВМРО, на сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, а особено на нејзините основачи, им го честитам 32. роденден односно денот на основањето на партијата основана како идеолошко продолжување на стремежот и идеалите на историската ВМРО.

Посакувам нови големи успеси и победи на ВМРО-ДПМНЕ и создавање голем напредок на Македонија во секој поглед и во секоја свера на животот на Македонците и сите граѓани на Македонија.

Горд сум што ја имав честа и предизвикот 14 и пол години да бидам на чело на ВМРО-ДПМНЕ, од кои 11 години од позиција на власт, водејќи ја низ низ 10 изборни победи, односно исто толку пати изразена доверба од мнозинството граѓани на државата пред се заради визијата, работата, тимот и пред се резултатите од таа работа. Без подршката на членовите и активистите на партијата, како и гласачите на изборите, тоа немаше да се случи и сите наши успеси се и успеси на сите кои ни ја даваа подршката.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Посакувам секое наредно раководство на партијата, како и секоја наредна влада на Македонија да биде подобра и поуспешна од претходната. Тоа е клучот на успехот. Само така Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат секогаш поуспешни.

Честит роденден ВМРО-ДПМНЕ!

Нека е вечно и нека е победничко ВМРО-ДПМНЕ и нека е вечна и победничка Македонија!!!

-Интегрален текст на честитка по повод 32 годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ и 129 години од формирањето на ВМРО на поранешниот премиер на Република МАкедонија Никола Груевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот