БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Никола Мицевски од Делчево: Зоран Заев трет пат се обидува да избега од избори затоа што знае дека ќе ја изгуби власта

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На новинарско прашање упатено од нашиот портал до Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот парламент Никола Мицевски во врска со поднесената иницијатива во собранието за распуштање на пратениците и очекувањата за однесувањето на пратениците од владеачкото мнозинство и идниот развој на настаните, Мицевски ги образложи мотивите за ваквата постапка:

“ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за распуштање на собранието за да има формално правно материјал во процедура, затоа што гледаме дека Зоран Заев и раководстото на државата упорно бегаат од избори. Ова е трет обид на Зоран Заев да избега од избори. Иако имаше лидерска средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски, на која што лидерите на најголемите политички партии, се договорија за датумот на избори, повторно гледаме обид за бегство од избори.

Зошто? Затоа што Зоран Заев знае дека граѓаните ќе ја казнат оваа деструктивана власт, затоа што овие луѓе за две ипол години успеаа да ја мрднат Македонија напред само на скалата на Транспаренси интернешнал, каде што сме најкорумпирана држава во Европа и на скалата на Економист според кој што сме хибриден режим.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе оваа иницијатива, очекуваме согласно договореното, ова Барање и овој договор на лидерите на партиите да го испочитува и Зоран Заев и да се соочи со граѓаните на Република Македонија, кои што ќе ги казнат лажните политики кои што се случуваат овие години.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace