БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Над 70 % раст во авиосообраќајот споредено со Владата на Заев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски во поткастот на порталот Курир истакна дека Владата силно работи на развој на ависообраќајот каде се воведени 28 нови дестинации и силен раст од 30 % на бројот на патници во првиот квартал од годината.

“ Тоа е една стратегија која работевме многу во 2024 година. Забележавме дека авиосообраќајот опаѓа многу, се намалува бројот на патници некаде околу 2,5 милиони патници. Создадовме концпет кој не е лесен, разговараме со бројни компании, ги замолував Македонија да ја стават како дестинација. Да не заборавиме дека Македонија нема излез на море, но денеска имаме 28 нови дестинации откако оваа Влада е избрана. Бројот на патници оваа година ќе помине 3, 5 милиони, а во 2027 година очекувам да помине 4 милиони патници, што е некаде за 70% раст. Оваа година скопскиот аеродром е во силен пораст на територија на поранешна Југославија со 30 % раст во првите три месеци, а охридскиот е со 20 % раст, а со завршувањето на надградбата и реконструкцијата на охридскиот аеродром уште повеќе ќе имаме раст” – изјави вицепремиерот Николоски.  

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace