Од Министерството за транспорт ја информираат целокупната Македонска јавност како и манедонците во дијаспората во Европа но и во светот дека во рамки на владините определби за обнова и унапредување на врските на Македонците од странство се воведуваат уште две нови авионски линии со летови до значајни европски центри.
“Ве информираме дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа:
- Скопје -Женева
- Скопје – Париз (аеродром Орли)
Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.
Овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување на нови авиолинии.
Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот.
Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации кои ги обезбеди Министерството за транспорт. Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите:
- Охрид – Истанбул
- Охрид – Базел Мулхаус
- Скопје – Дубаи
- Скопје – Штутгарт
- Скопје – Лион
- Скопје – Барселона
и за истите се овозможува финансиска подршка по принципот на патник во доаѓање.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Министерството за транспорт.
“Ова е уште една одлична вест за граѓаните, за авиосообраќајот и за државата. Ова е резултат на добрите политики што ги спроведуваме во делот на авиосообраќајот. Париз и Женева се две атрактивни дестинации за граѓаните. Верувам дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се јават на повикот, со некои и веќе преговараме и очекувам воведување и на други дестинации од домашните аеродорми. Имаме потенцијал, имаме капацитет и верувам дека повторно ќе ја зголемиме конкурентноста на аеродормите во регионот. Дополнително на граѓаните им овозможуваме нови дестинации, а на нашите од дијаспората олеснување во комунакцаијата со своите блиски овде во Македонија. Развојот на авиосообраќајот е дел од владините приоритети и еве се потврдуваат нашите напори и овој сегмент да го развивавме”
– вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје