Во соопштение до граѓаните на Виница но и целокупната Македонска јавност општина Виница информира за одржжување на манифестацијата именувана како „Спортски асови за 2024 година“.
“Општина Виница оваа година ќе ја реализира манифестацијата „Спортски асови за 2024 година“.
Врз основа на Програмата за култура и спорт на Општина Виница за 2025 година, Општина Виница објавува Јавен повик за предлагање на кандидати за избор на:
• најдобар спортист,
• најдобра спортска екипа,
• најдобар млад надежен спортист,
• најдобар спортски тренер и
• најдобар спортски работник за 2024 година.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, спортски работници и екипи, од клубови со дејност спорт, кои се регистрирани во Општина Виница. При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари), и фотокопија од клубската легитимација.
Рокот за пријавување е до 05 февруари 2025 година, а документите се доставуваат до Одделението за општи и јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Виница.
Телефони за контакт: 074/248-033.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Општина Виница.
Градоначалникот на Виница Миле Петков ги повика сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат условите на повикот да се пријават на истиот:
“Со цел да се стимулира спортскиот дух но и да се потенцираат заслужните спортисти, Општина Виница оваа година ја организира манифестацијата „Спортски асови“.
Искрено се надеваме дека манифестациите со ваков карактер ќе продолжат да се одржуваат во нашата општина, бидејќи се од огромно значење за секој поединец а посебно за спортистите кои во текот на изминатата година беа проактивни и постигнаа врвни резултати, и заслужуваат посебно внимание и чест.”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Виница Миле Петков.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не може да ги исплати постојните плати и надоместоци а градоначалникот вработува нови лица на платен список во предизборна година
Општина Делчево со блокирана сметка од 2008 година, неостварени приходи од комунални такси и надоместоци и продаден имот од јавен интерес
Градоначалниците на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево потпишаа договор за преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани