БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Верувам дека во наредниот период ќе се докаже дека Зоран Заев е сторител во случајот “Рекет”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска помина рочиштето за судскиот процес во кој што Премиерот Зоран Заев го тужи Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за клевета во врска со политичка изјава поврзана со случајот “Рекет”. По рочиштето Николоски за медиумите и јавноста имаше своја изјава, при што одговори на повеќе новинарски прашања од интерес на јавноста.

Во врска со тврдењето на Зоран Заев дека тој всушност го пријавил кај обвинителството случајот “Рекет”, Александар Николоски соопшти дека понекогаш во судската пракса вистинските сторители на криманалниот акт сами го пријавуваат актот со цел да се изземат себеси од обвинителна истрага, но потоа на суд се докаже дека тие се сторители.

При тоа пред јавноста Николоски соопшти дека верува дека во периодот кој следува ќе се докаже дека Зоран Заев е и сторител во случајот “Рекет”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целата изјава на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во врска со ова прашање ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Постојат бројни сторители на кривични дела коишто обидувајќи се да се заштитат себеси самите пријавуваат. Постојат бројни случаи кадешто сторителот на кривичното дело го пријавил, со цел мислејќи дека на тој начин ќе се ослободи себе од одговорност и од вина. Сепак во подоцнешниот процес, или некогаш и после многу години се докажува дека во суштина тој е сторител на кривичното делоВремето ќе покаже дека пријавителот на кривичното дело, под услов да е точно, а досега не видовме кредибилен пишан доказ дека навистина Заев го пријавил случајот Рекет и јас верувам дека во следниот период ќе се докаже дека е и сторител во случајот Рекет.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace