БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на лицата за кои се сомневаат дека Градоначалникот на Штип Сашко Николов планира да ги вработи во општинската администрација

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Штип денеска во своја објава преку социјалните мрежи објави повеќе имиња на личности за кои сметаат дека однапред е познато дека ќе бидат вработени во општинската администрација.

Ваквата постапка на опозициската партија беше претходно најавена дека ќе бидат објавени имињата доколку партијата на власт не се откаже од вработување на веќе познати кандидати што е во судир со постапката за вработување дефинирана со закон.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на писмената реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

(Објавените имиња на социјалните мрежи од страна на ВМРО-ДПМНЕ, во нашата објава ги имаме цензурирано, поради законски причини)

“Градоначалникот на Штип тврди дека огласот во општината е законски и дека сѐ е по процедура.

Меѓутоа, дали е законски и дали е точно дека однапред се знае следново:

Виш соработник за подготовка на материјали и документи за јавни набавки ќе биде Е__________ Ми_овска?

За позицијата Систем администратор на ИТ мрежи ќе биде одбрана О___________ Ку_овалиева?

Веќе споменуваното работно место Советник за возен парк ќе го пополни В___________ С_ојанов?

Раководител на сектор за финансиски прашања ќе биде координаторот на СДСМ во Штип – А_______ Кан_алов?

А работното место Соработник за контрола на финансиски документи е резервирано за Д_________ Ме_ишов?

Дали останатите конкуренти на огласот на Општина Штип ќе имаат еднакви можности и ќе бидат во сигурни раце како погоре споменатите?

Го повикуваме Градоначалникот, доколку грешиме, да ја демантира оваа објава. Во спротивно, ја потврдува вистината дека на објавените конкурси се вработуваат единствено лица од тефтерчето на СДСМ!”

Целата објава на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип тука.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace