БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Носителот на листата во ИЕ3 Јанушев: Нашата иднина била и ќе остане Македонија со сиот потенцијал и можности кои ги има

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На вечерашната партиска конвенција за претставување на кандидатските листи во шесте изборни единици од Коалицијата за “Обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ свое ображање имаа носителите на листите кои ќе ја предводат борбата против Зоран Заев.

Свое ображање имаше и Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНе Игор Јанушев чие што обраќање го пренесуваме во целост во продолжение:

“Една земја е успешна, колку што нејзиниот народ е среќен. Жалам што мора да кажам дека Македонија никогаш не била понеуспешна, а народот понесреќен а причината за тоа е овој хибриден режим на оваа криминално рекетарска банда на власт и таа има свое име и презиме а тоа е Зоран Заев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Власта на Заев ја уби секоја надеж на граѓанинот и создаде чувство на апатија поради изневерените очекувања, поразите и неуспесите кои ги донесе. Резултатот на тоа се десетици автобуси кои неделно заминуваат од Делчево, Кочани, Штип, Велес, но и Битола, Тетово, Куманово Скопје. Заминуваат од државата која забрзано се празни. Се празнат селата и градовите во нашата Македонија. За тоа виновен е Заев и неговите погубни политики, особено во оние во Луј Витон судството, а кога сме тука, тука го имаме најдобриот тандем, тандемот Зоран Заев и Катица Јанева.

Пред 4 години ветуваа живот, а донесоа пустош. Се сеќавате носеа чевли пред владата, ветуваа ќе ги врателе младите, а што добивме, добивме невиден егзодус, бела чума и масовно отселување. Што фатија, исушија. Се дограбаа до власт и почнаа да работат само на свое лично богатење.

Но секој почеток има свој крај, а овие крајот им се гледа брзо. Е тоа е народот во Македонија, тоа е Македонецот.

Ние час поскоро после 12 април  ја почнеме обновата и ќе ставиме крај на поразите. После 12 април Македонија се исправува, Македонија почнува да чекори напред и победува. Да создадеме перспективи и иднина тука во Македонија.

Секој човек, сите ние  живее во сегашноста, но, работи за иднината, за себе и за своите деца. Нашата иднина била и ќе остане Македонија со сиот потенцијал и можности кои ги има. Ако ги искористиме, ако создадеме пристојна земја со владеење на правото, економски развој, квалитетно здравство и образование, со почитувани и вреднувани земјоделци тогаш Македонија ќе стане земја со среќни и успешни луѓе.  Луѓе со исправена кичма.

Ќе дадеме можност на сите да се вклучат во нашата борба за напредна Македонија. Подаваме рака на секого, зошто Македонија е во прашање. Ќе дадеме можност на сите кои знаат и умеат. Како млад човек верувам и ќе се борам младите да станат двигателот, моторот на напредокот и промените. Тоа е и мој сон. Тоа е сонот кој го сонуваме сите и заедно да го направиме стварност.

Браќа и сестри,

Верувам во верниот исток, верувам во народот и верувам во вас, заедно ќе се избориме за повеќе и подобро. Македонијо време е за одлуки. Обновата не е само политички и партиски слоган. Обновата е планот за подобро утре.

Ве повикувам сите кои искрено ја сакате Македонија да застанеме рамо до рамо и заедно да почнеме да извојуваме победи. Првата ќе биде токму на 12 април.

Ова го должиме на нашата татковина. И го должиме идеалот за Успешна Македонија и тој идеал за успешна Македонија е вистинскиот патриотизам.

Одиме на сигурна и убедлива победа”

Креирано од:


Пренеси го гласот