Новата амбасадорка на САД, Кејт Бурнс, во јули доаѓа на функцијата во Македонија.
Според неофицијалните најави Бурнс ќе допатува до средината на јули, откако вчера во Вашингтон свечено беше промовирана во нов амбасадор. На церемонијата поранешниот амбасадор кај нас а сега помошник државен секретар за Европа, Филип Рикер, порача дека таа ќе ја води новата ера во билатералната соработка со нашата држава, како сојузничка во НАТО.
На церемонијата присуствувале роднини и пријатели на новата амбасадорка и последните амбасадори на САД во нашата земја, Џес Бејли и Пол Волерс.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист