На социјалните мрежи од продукциските студија на 20th Century Studios го објавија новиот трејлер-најава за филмот Alien: Romulus.
Станува збор за продолжение на легендарниот филм Alien во режија на Ридли Скот со дејство сместено во временската линија помеѓу Alien (1979) и Aliens (1986).
Новиот филм Alien: Romulus ги следи настаните на вселенски екипаж на млади колонизатори кој завршува на напуштена вселенска станица.
Овој филм ја носи добро познатата филмска франшиза на нејзините корени со вклучување на добропознатите хорор елементи и тензија што ги имаше првиот филм.
Дополнително од објавениот трејлер може да се видат референци од можеби најпознатиот и критички најдобро прифатен Aliens од 1986 година со Сигурни Вивер во главната улога, преку легендарната сцена на излегување од лифтот на крајот од филмот.
Премиерата на Alien: Romulus е закажана за месец август во кино салите ширум светот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!