БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Откриен скриен град на Маите од 10 милиони жители од археолози во Гватемала

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Земјата е толку таинствена што археолозите се уште пронаоѓаат остатоци од загубени цивилизации. Неодамна археолози открија град на Маите скриен во џунгла во Гватемала, за кој се претпоставува дека бил дом на приближно 10 милиони жители.

Весникот Гардијан известува дека истражувачите користеле технологија со високо-технолошко воздушно мапирање за пронаоѓање на десетици илјади скриени објекти. Тие вклучуваат куќи, згради, одбрамбени структури, пирамиди и индустријализирано замјоделско поле и канали за наводнување. Најмалку четири големи церемонијални центри на Маите се исто така детектирани со мапирањето.

Вести за изгубен град, кој е скриен во џунглата во регионот Петен во Гватемала се објавени во вторникот од страна на група на американски, европски и археолози од Гватемала, кои што работеле во согласност со Фондацијата за наслетство и природа на Маите од Гватемала.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За снабдување на 10 милиони Маи, масовното производство на храна било клучно. Марсело А Кануто- професор по антропологија на Универзитетот во Тулан го прокоментира овој факт, велејки:

Тоа е два до три пати повеќе населенио отколку што првично се сметало дека постоеле.

Техниката за мапирање е наречена Лидар, која се однесува на детекција на светлина и ренгенски зраци. Во некои области 95% од земјиштето било култивирано.

Преостанува после ваквото мапирање да почнат да се вршат теренски археолошки истраги кои би можеле да доведат до сензационални откритија за оваа одамна загубена цивилизација.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace