“По повод 109 години од Букурешки договор,од канцеларијата Македонец за Македонец ,мораме да се осврнеме на секој штетен договор направен од пред 109 години до денешен ден .
За самата Македонија ,како држава ,сите стратешки битни договори уште од минатото ,се покажаа како штетни и погубни. Секој нов договор ,прекриен со политичка манипулација од зборовите ,дека е корисно и во заштитничка рамка за самата Држава, не придонесе апсолутно ништо добро,како за Државата така и за Народот.
И цел век помина. Со договори и преговори однесено е, територијата, интегритетот, суверенитетот, Историјата, Јазикот, културните и историските факти …
После сето тоа ,останавме како народ заштитени единствено од наталитетот додека морталитетот граба кон милионски бројки.
Вековната борба во овој момент се сведува на тоа да го заштитиме и сочуваме ова парче Земја,кое што ни уште остана после сите тие душегрижни политички договори.
Целосната борба за Македонската Кауза е префрлена на поединец .
Македонец за Македонец е Каузата која што денес и сега опстојува за да може да продолжи да опстојува Македонија. Доста е од штетни договори, доста е од долги преговори, доста е од мешање политика со патриотизмот !
Канцеларијата Македонец за Македонец, работи на сочувување на она традиционално и вредно единствено што ни остана .
Векови минаа ,борбата продолжува!
Ги повикуваме ,сите кои што се чувствуваат Македонци, Патриоти, борци… да ни се придружат во оваа долга и неизвесна борба. Единствената опција за сочувување на Македонија е да ја дадеме шансата на Македонецот да се бори за неа .
Придружите се !
078 215 352
Три бисери-Аеродром -Скопје”
-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста на здружението “Аманет 1903-та” Скопје.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност