Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев со почит и со пригодна свечена програма ја одбележуваат 120 годишнината од Солунските атентати. Под мотото “Се арчиме за Македонија” што било кредо на петмината прекалени Македонци кои што ги ставиле како жртва своите млади животи на олтарот во борбата за слобода на Македонија, во Велес се организираат повеќе настани и свечености со цел за достојно одбележување на делото на Македонските ревволуционери кои што го свртеа светското внимание кон Македонските страдања под Отоманско ропство.
“Општина Велес Ве поканува на чествување на 120 години од Солунските атентати
„Се арчиме за Македонија“
27.04.2023 година (четврток)
18:00 часот
„Самооткажаните“- театарска претстава во изведба на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“
Локација: НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“
28.04.2023 година (петок)
12:30 часот
Положување цвеќе и оддавање почит на Гемиџиите
Локација: Споменик Гемиџии
13:00 часот
Свечена академија
– Обраќање на Марко Колев, Градоначалник на Општина Велес
– „По стапките на Гемиџиите – пред 120 години и денес“ – излагање на проф.д-р Ѓорѓи Малковски
– Драмски перформанс – МДПС „Премиера“ – Велес
– Музичко – уметнички колаж во изведба на Орхидеја Дукова и Сашко Костов
Локација: ЛУ Народен музеј Велес”
-стои во поканата на градоначалникот Колев до јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу министерствата за здравство, образование и социјална политика за рана интервенција во детството
Министерство за здравство: Четворица пациенти од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, во странски медицински центри остануваат уште 11 пациенти
Перински во Крива Паланка: Со регионална соработка до нов урбан зелен парк за граѓаните