“Во 70-те години од 19 век, Разловци е село со 100-ина мали и неваросани куќи. Најголемиот дел од населението од рана пролет до доцна есен живеело на колибите чувајќи ја стоката и обработувајќи ја земјата. Населението живеело со тешки услови за живот, но и со слаба посета од тогашните власти.
Единствено олицетворение на турската власт во селото бил полјакот Алиман. Сам си црпел жито од селските амбари за да ја зоба својата сива атица. Од дрвената кула го набљудувал Горно и Долно Поле сметајќи се за апсолутен господар. Ги пречекувал и испраќал турските заптии, спахии и тапиџии, обебедувајќи им конак и добро гоштевање кај побогатите селани и кај коџобашијата, кој тогаш како поимотен селанец управувал со селото…
ВО 2024 ГОДИНА СОСТОЈБАТА ВО РАЗЛОВЦИ НЕ Е МНОГУ ПОДОБРЕНА ОД ПРИЛИКИТЕ ПРЕД РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ во 1876 година!
Наша света обврска е да овозможиме животот во село Разловци да се подобри на ниво кое е неопходно во современи рамки.
На 19 Мај 2024 година во историското село Разловци ќе започне имплементацијата концептот “Го сакам Делчево” кој што ќе трае во наредниот период
Овој концепт е наша современа борба, наш влог за подобрување на животот на Делчевчани.
Настанот за одбележување на 148 годишнината од Разловечкото Востание во историското село Разловци не случајно е одбран за почеток на имплементацијата на овој наш нов концепт за унапредување на живеачката во Делчево.
АГЕНДА НА НАСТАНОТ:
11.30- 12.00 часот: Пристигање на гости во Разловци
12.00- 12.30: Прошетка низ село Разловци на гостите
12.30 Читање на пригоден реферат во дворот на црквата Св. Цар Константин и Царица Елена: Значењето на Разловечкото востание во историски контекст: рефлексиите на востанието во современи рамки на Македонија
12.35 Полагање на свежо цвеќе пред Спомен плочата на Поп Стојан под тремот на Црквата
12.45 Симболичен ручек за присутните во црковната трпезарија на Црквата
Го покануваме сите горди и достоинствени Македонци како и сите добронамерници да ни се придружат на одбележувањето на овој значаен настан кој ги удрил темелите на Македонската револуционерна борба за слобода.
Придружете се на официјалниот настан кадеќе бидете во тек за сите активности поврзани со истиот. https://www.facebook.com/share/qUdfut1LJ3TtiKEA/
-соопштение на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатено до јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
После повеќе од 20 години постоење улици во населбата “Пролет” во Делчево деновиве добиваат нормална сообраќајна инфраструктура
Успехот заслужува признание – Општина Берово ќе наградува ученици и ментори за постигнување на врвни резултати
Уште една компанија ја препозна посветеноста на градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски