Денеска на прес конференција од Министерството за Внатрешни работи, Министерот Наќе Чулев ја алармираше јавноста за огромниот број на противзаконски донесените решенија за вработување и прераспределување на работни позиции во ова значајно министерство за севкупните состојби во државата.
Министерот Наќе Чулев по согледување на состојбите во МВР по превземањето на должноста идентификувал масовни појави на недомаќинско работење во Министерството од претходните раководни структури назначени и именувани од СДСМ и претходниот Министер Оливер Спасовски.
Денес во Министерството за внатрешни работи одржав прес конференција на која ја информирав јавноста за состојбата поврзана со управувањето со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи пред моето доаѓање и за недомаќинското работење и трошење на народни пари во таа насока,
-соопшти Министерот по што истакна:
“- Од почетокот на декември до 25-ти истиот месец, донесени се вкупно 1050 решенија, додека во последната седмица дена пред заминувањето на Оливер Спасовски донесени се дополнителни 1198 решенија
– Формирав комисија која утврди дека кај повеќе од 100 решенија се забележуваат отстапки во однос на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор
– Одредена група работници во контиуитет биле распореденувани на своите работни места со наредба за извршување на итни и неодложни и специфични задачи, спротивно на Законот за внатрешни работи.
– Пет месеци по формирањето на АНБ, 130 лица сеуште не беа распоредени, земаа плата и неизвршуваа работни обврски.
– 4 милиони евра се одлеале од буџетот на МВР за една година како резултат на отштети по судски постапки кои вработените ги воделе против МВР.”
За сите детали во врска со ваквите тврдења погледнете го видеото во продолжение од прес конференцијата на Наќе Чулев:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата