БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Транспарент со прашање до Јовевски изваден на јавната расправа за Законот за јавно обвинителство во собранието

Пренеси го гласот

“Господине Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба (чл.60, законот за ЈО)“

-вака гласи прашањето упатено од дел од пратениците во Македонскиот праламент до Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовевски додека тој се обраќаше на говорницата на комисиската јавна расправа пред пратениците.

Глувоста на актуелниот јавен обвинител Јовевски во врска со огромен број прекршувања на закони и постапки во државата од страна на раководните структури на сите нивоа, е она што што тој стана препознатлив во изминатиот период додека СДСМ е на власт во државата.

Обидите за заштита на криминалното поведение на претставниците на власта од страна на Јавното обвинителство беа очигледни, како резултат на тоа што Јовевски молчи за најкрупните скандали во државата предизвикани од актуелната власт.

Јовески важи за исклучително близок до власта на СДСМ. Како доказ за неговата блискост со актуелната власт многумина ја посочуваат средбата помеѓу Филип Медарски, адвокатот на премиерот Зоран Заев и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на бензинска пумпа во скопски Карпош на која според информации на порталот Инфомакс, на Јовевски му биле дадени насоки од Заев како да постапува откако ќе ги добие сите предмети од СЈО.  Според нив станува збор за шест главни задачи кои Јовески мора да ги реализира со цел Заев да се врати „во форма“ на политичката сцена.

За возврат, Јовески од Владата и од Заев би добил:

– зголемен буџет,

– нови обвинители и истражители,

– медиумска поткрепа за сите дејствија.

Токму две од трите точки Јовевски ги добива со новиот закон за Јавно обинителство кој денес го бранеше во Собранието.

Пратеникот ваквото нестандардно делување на дел од пратениците во Македонскиот парламент го оквалификува како

“скромен придонес во јавната расправа за предлог законот за Јавното обвинителство, посебно кон ставовите на обвинителот т.е. адвокатот на власта Љубомир Јовески, кој не ги почитува ниту императивните законски норми за обвинителите (член 60 од Законот за ЈО)! “

Креирано од:


Пренеси го гласот