БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со тековниот економски раст на владата на СДСМ, Македонија ќе го достигне европското ниво за 50 години

Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од Министерството за финансии на Република Македонија, дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја алармираше јавноста за погубните економски состојби во државата и состојбата со јавните финансии под надлежност на ова министерство.

Економските параметри по сите основи се полоши од оние оптимистички и лажно проектираните од страна на СДСМ и Зоран Заев како и предвидениот раст на економијата.

За сите детали поврзани со овие акутни прашања во Министерството за финансии проследете ја во продолжение во целост прес конференцијата на дополнителниот заменик Министер за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

“Владата на СДС последните години се труди да не убеди дека економијата расте а граѓаните живеат поубаво. Но сите ја знаеме онаа народната На лагата кратки и се нозете.

И додека не убедува оваа кроумпирана власт дека работите одат на подобро излезе Извештајот на Меѓународниот Монетарен Фонд за Македонија.
Што пишува во него?

Уште еден неуспех, уште еден нотиран лош извештај. ММФ има извештај во кој како главни проблеми се корупцијата, ниските капитални инвестиции и непродуктивните трошоци. ММФ ја ревидира проекцијата за раст на економијата која е пониска од таа на владата.

За жал ММФ нема многу пофални зборови во оние делови кои на долг рок треба да донесат раст и развој на економијата. ММФ потенцира дека институционалните реформи како зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата се основата за посилен раст и подобра конвергенција на приходите на жителите. Благодарение на власта корупцијата во државата цвета, а владеењето на правото е поим кој секој ден ни станува се подалечен.

Понатаму ММФ нотира дека фискалната политика треба подобро да се води, и да се ориентира кон јавни инвестиции во физички и човечки капитал, да се подобри ефикасноста на институциите и владата“.

Во Извештајот пишува „Капиталните инвестиции се ниски а Тековните трошоци се зголемени. Дали има поголем доказ дека оваа ненародна власт прави непродуктивни трошења?

ММФ го спушти лажливиот и манипулативен оптимизам на владата. Во најновиот Извештај ММФ очекува растот за 2019 година да биде 3,2%, раст кој е под оптимистичките бројки од 3,5% на Министерството за финансии, а многу подолу од ветените 5% економски раст од страна на Зоран Заев и СДС. Со вакви стапки на раст Македонија ќе го достигне европскиот просек за најмалку 50 години.

ММФ оценува дека со ваква политика како што во моментот води СДС ќе се намали способноста за справување со идни економски шокови. В8о сценарио на идна економска криза, Македонија ќе се најде неподготвена и со финансии кои нема да бидат доволни да ги испорачаат потребните политики и инвестиции за инфраструктурен и економски развој.

Генерално, Извештајот на ММФ ги потврдува лошите и промашени економски политики и целокупната општествена состојба во Македонија. Моменталниот економски раст во голема мера е под влијание на успешните странски инвестиции од минатото, но не се генерираат нови инвестиции поради несигурната економска и даночна политика.

Образовниот систем и капацитетите на нашите ученици се на најниско ниво во регионот, со што неминовно си ја уништуваме иднината на нашите деца и државата. Продуктивноста воошто не расте, а во исто време, ММФ во Извештајот нотира дека зголемувањата на минималната плата ќе предизвикаат штета кај капацитетите за вработување и ефективно нема да ја намалат сиромаштијата.

Капиталните инвестиции се ниски, иако потребата за инвестирање во инфраструктурата е особено висока.

Од целокупната анализа на Извештајот на ММФ, можеме да заклучиме дека економијата тоне таму каде што криминалот и корупцијата цветаат.

Поради ова, профитите на македонските компании во 2019 година се намалени, стотина ИТ и други компании и експерти ги преселија нивните бизниси надвор од Македонија, власта не може да подготви ниту еден инфраструктурен проект, а нема ниту еден судски случај за висока корупција од челниците на моменталната власт.

Потребна е голема промена! Не само промена на власта, потребна е промена на начинот како се бориме против корупцијата. Потребна е јасна, храбра и објективна борба против корупцијата во сите нејзини форми и сегменти во државата.”

Креирано од:


Пренеси го гласот