Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски ја информираше јавноста дека во рамки на неговите програмски определби и залагања како Градоначалник успеал да реализира повеќе значајни проекти во рамки на обрзаовниот процес во Основното Општинско Училиште Методи Митевски Брицо во Лозово.
Станува забор за опремување за потребите на учениците и наставниот кадар за подобрување на наставниот процес со нови лаптоп компјутери, таблети, ЛЦД проектори и смарт табли како и интерактивни електронски панели.
“Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да споделиме со вас дека за многу краток период период, УСПЕАВМЕ од идеја до реализација да направиме неколку, многу значајни проекти поврзани со осовременувањето на образовниот процес во ООУ Методи Митевски-Брицо,Лозово.
Денес можеме со ГОРДОСТ да се пофалиме дека ООУ Методи Митевски Брицо, во овој момент е најдобро опремено Училиште во Централниот и Источниот регион во Р.Македонија.
Заврши периодот кога приоритет во делот на проекти, имаше во само едно населено место!
За мене како градоначалник на Општина Лозово, СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА СЕ ПОДЕДНАКВО ВАЖНИ ,односно СИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ЕДНАКОВ ТРЕТМАН И ЕДНАКВИ УСЛОВИ
За таа цел,извршивме набавка на техничка опрема,како за централното,така и за сите подрачни училишта при ООУ М.М.Брицо:
➢ Ветивме и Успеавме да обезбедиме 30(триесет) Лаптоп компјутери за целиот наставен Кадар,со што,значително ги подобривме техничките потреби од ваков тип опрема за непречено одвивање на наставата
➢ Согласно препораките од МОН,обезбедивме 20(дваесет)Таблети за Учениците од прво и четврто одделение со кои овозможивме услови за квалитетен наставен процес
➢ Извршивме набавка на 10(десет)Смарт Табли со LCD проектори кои ќе бидат користени за одделенска настава во централното и подрачните училишта
➢ Обезбедивме 8(осум) Интеракивни панели за потребите на Наставниот кадар и учениците кои следат Предметна настава
Исто така, во тек е и процедурата за Опремување на кабинетите во рамки на проектот за унапредување на основното образование (МОН), односно, започнато е опремувањето на кабинетот по биологија и хемија.
Следи етапно опремување на училниците за кабинетска настава по биологија, хемија, физика, математика и природни науки со над 200 наставни средства кои треба да пристигнат во нашето училиште
Наш основен приоритет е интезивното и сеопфатно инвестирање во образованието
Општинското основно училиште, е лицето на општината
Во периодот што следи ќе продолжиме да се залагаме за подобри услови во реализација на воспитно-образовниот процес, осовременување на опремата и користење на нови нагледни средства во наставата
Младите се наша иднина, а инвестирањето во нив наша обврска
п.с. Градиме нова Иднина“
-соопшти Бошко Цветковски- градоначалник на општина Лозово.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишен од слобода кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол
Пробиштип два дена домаќин на Првата докторска олимпијада
Жител од Пробиштип уапсен во Свети Николе поради тешка кражба