Откако претходно беше најавен денеска се реализира протестот на оризопроизводителите од кочанско со блокада на едната коловозна лента на патниот правец Копчани-Штип.
Оризопроизводителите бараат зголемување на откупната цена на оризовата арпа од 25 на 40 денари како резултат на поскапените цени на репроматеријалите.
Дополнително како барање, оризопроизводителите бараат и промена на сегашниот систем на функционирање на Водостопанство, бидејќи во ова ЈП претпријатие ја гледаат најголемата вина за доцната сеидба на оризот.
Своја реакција во јавност имаше и Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ кој вината за немањето на решение за проблемите на овие земјоделци ја лоцира кај премиерот Ковачевски и ресорниот министер Љупчо Николовски.
“Немањето на слух од страна на владата на пиунот Ковачевски и најнеспособниот министер за земјоделство Љупчо Николовски за решавање на проблемите со кои се соочуваат оризопроизводителите од кочанско денеска резултираше со мирен протест од нивна страна.
Ветувањата на Николовски пред само неколку дена, односно минатиот месец на една трибина повторно останаа празно слово на хартија. Не само што нема креирање на ефикасни политики, помош при набавка на ѓубриво за кои ќе се направи консултации со сите институции за нивна реализација, преземање на конкретни чекори за зголемување на производството на ориз како што вети Николовски, туку денеска оризопроизводителите се соочуваат со слаб откуп и ниска откупна цена на оризот. Дополнително на ова да не се занемари фактот дека трошоците за производство се енормно високи, како вештачкото ѓубриво, препарати за заштита и нафтата.
Љупчо ги донесе оризопроизводителите на просјачки стап. Љупчо не беше денеска на протестот да ја слушне маката на оризопрозводителите кои секоја година мака мачат при продажба на оризовата арпа.
Најнеспособниот министер нема никаков бенефит и интерес од ова. За него земјоделците не се достојни луѓе, тој е навикнат да седи и да преговара за тендери и криминални скандали каде што може да заработи. Ете почитувани, толку од лажна намера за наводна помош на Николовски .Македонскиот земјоделец никогаш не бил вака потценет и понижен.
/ Од 2016та година, до ден денешен не се реализирани ветувањата.
Доаѓа време за одговорност. Доаѓа време за промени и обезбедување на подобра иднина на земјоделецот. ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже што значи реална помош и вистинска грижа за оризопроизводителите, за нас богата држава значи богат земјоделец.
И за крај една порака Министерче: Немој да мислиш дека трошките кои што се обидуваш да им ги дадеш на земјоделците ќе ти помине, ПРОЧИТАН СИ, НЕ ТИ ПОМИНУВААТ ПОВЕЌЕ ЛАГИТЕ, МНОГУ НАБРЗО ЗАВРШУВА ТВОЕТО МИНИСТЕРУВАЊЕ И НЕСПОСОБНОСТ!”
-соопшти Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Организиран настан за снимање спот со над 300 возила кои турирале со моторите. Полицијата реагирала експресно и ги растерала присутните
Македонија 7 дена ќе тагува по своите ангели кои заминаа на небесата
Осум повредени од пожарот во Кочани примени во „Пирогов“ во Софија, нивната состојба е тешка