БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Проект за ветерни и фотоволтаични електрани започнат 2010 година продолжува со своја реализација во Лозово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со доаѓањето на новиот градоначалник на општина Лозово Бошко Цветковски на чело на ЕЛС Лозово по изборите минатата година, се отккочи реализацијата на проект започнат во 2010 година, кој поради разно-разни препреки беше одолговлекуван цели 10 години.

Станува збор за реализација на приватна инвестиција за изградба на нови ветерни и фотоволтаични електрани на територијата на општина Лозово. Постапката продолжува со парцелизација на градежното земјиште по што ќе се премине на постапка за одобрение и физичка градба на електраните.

Во врска со реализацијата на овој проект свое соопштение до јавноста упати и Градоначалникот Цветковски чиј што текст во продолжение интегрално го пренесуваме:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Почитувани граѓани,

Во време кога Република Македонија се соочува со недостаток на електрична енергија од голема важност е искористување на обновливите извори на енергија.

✅Општина Лозово ќе го искористи потенцијалот што го поседува со искористување на ветровите во ова подрачје и сончевата енергија.

✅За таа цел би сакал да ве известам дека отпочната е процедура од приватен инвеститор и наскоро во Општина Лозово ќе бидат изградени ветерни и фотоволтаични електрани во м.в. Кантон во с. Ќоселери 📍

Проектот е започнат уште во 2010 год. со изготвување на локално-урбанистичка документација за ветерен парк м.в. Кантон во 📌с.Ќоселери. Оваа година проектот продолжува со проектна програма за изработка на урбанистички проект за парцелно градежно земјиште за изградба на ветерен парк Кантон (ветерни и фотоволтаични електрани) во с.Ќоселери.

п.с. Создаваме нова иднина

✅Иднина на #Промени , #Проекти и #Победи

-соопшти Бошко Цветковски- Градоначалник на општина Лозово.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace