Постојат премногу егзотични и примамливи места во светот кои се примамливи за туристите и љубителите на авантурите, било да се работи за планина, остров, модерни плажи или други адреналински места, кои се секако достапни за уживање. Но постојат и места кои се забранети за луѓе и со самото тоа се мистериозни.
1. Суртсеј – Исланд
Причина за забрана се научни експерименти Во водите во Исланд во 1963 година еруптирал еден подводен вулкан и во кратко време се формирал нов остров. Островот бил премногу примамлив за научниците од различни земји. Оттогаш Суртсеј служи само за научни цели и е забранет за туристите.
2. Островот Куемада Гранде – Бразил
Причина за забрана се отровните змии Змискиот остров, Куемада Гранде се наоѓа на 35 километри од Бразил и е преполн со отровни змии: На секои 0,43 километри живеат околу 4.000 змии. Најопасната меѓу нив е „bothrops insularis“ или златната змија чиј отров е 5 пати посилен од отровот на другите змии. Смртта настапува веднаш по загризувањето. Не би сакале да го посетите ова место.
Причина за забрана е агресивното домородно население Овој остров е дом на племето на опасните Сентинеланци кои избегнуваат секаков контакт со цивилизацијата и силно одбиваат посети. Овие луѓе активно ја бранат својата територија, стрелаат во се што ќе им се доближи било тоа да е и понуда за помош. И индиската влада издала наредба луѓето да се држат подалеку од островот.
4. Големото светилиште Исе – Јапонија
Причина за забрана е бидејќи е само за елитата Едно од најважните светилишта во Јапонија е комплексот на храмови за Исе Јингу. Можат да влезат само свештеници од повисок ранг и членовите на кралското семејство.
5. Груинард – Шкотска
Причина за забрана е тестирањето на биолошко оружје Овој шкотски остров Груинард е купен од Британската влада за тестирање на биолошко оружје, поконкретно на антракс. Антраксот ја загадувал територијата на островот веќе подолго време, што било причина за смртта на 95% проценти од населението. Во 1986-тата година, научниците изјавиле дека островот е исчистен од антракс и бил прогласен за безбеден. Но, никој не живее таму, бидејќи експертите предупредуваат дека нема да може да биде безбедно населен уште стотици години.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Што значи Bajram Šerif Mubarek Olsun, а што значи Allah razi olsun?
Почина легендарниот актер Џејмс Ерл Џоунс
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”