БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Опозицијата во Свети Николе го критикува градоначалникот за нереализираните ветувања

Пренеси го гласот

Почитувани сограѓани,
Поминаа две цели години од стапувањето на должност градоначалник на Сашо Велковски и локалната власт предводена од СДСМ.
Во делот на селата и руралните средини ветуваа се и сешто.
Да ги потсетиме граѓаните на овие рурални средини само на еден мал дел од ВЕТЕНОТО што е нормално НЕРЕАЛИЗИРАНО се подразбира.
-реконструкција и обнова на старечки домови и реконструкција на канцелариите на месните заедници
-изградба на нови водоводни и канализациона мрежа
-асфалтирање на улици
-поврзување со асфалтни патишта кон селата кои гравитираат спрема велешко и лозовско
-уредување на паркови и зеленило
-чистење на одводните канали и диви депонии
-воведување на амбуланти со дежурни лекари
-изградба на градинки
-и многу други работи.
Сето ова погоре набројано е НЕРЕАЛИЗИРАНО и според динамиката е невозможно да биде реализирано.
Но мора да признаеме дека има и нешто реализирано.Донесени се Контејнери по селата и е расфрлан “гребен асфалт” во некои места и нормално таму каде што живеат партиски активисти на СДСМ.
ВАКОВ ЛИ ЖИВОТ ВЕТУВАТЕ?!?
ЗБОРОТ Е ЗБОР НЕЛИ?!?

-интегрален став на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе

Креирано од:


Пренеси го гласот