БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Опозицијата за сообраќајните проблеми во Кочани го обвинува нискиот капацитет на властите на СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со големиот број на сообраќајни проблеми кои што стојат неразрешени во Кочани што предизвикуваат нервоза и проблеми во секојдневниот живот на граѓаните денеска своја прес конференција имаше Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНE од Кочани.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме неговата изјава за јавноста:

“НИСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА ВЛАСТА ГИ НОСАТ НЕРЕШЕНИТЕ СООБРАЌАЈНИ ПРОБЛЕМИ ВО ЌОРСОКАК

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Николчо Илијев и СДСМ како клучен приоритет на својот мандат го наведоа решавањето на сообраќајните проблеми во градот, меѓу приоритетите беше и итната изградбата на кружен тек на дуплиот мост кај судот.

Во 3-тата година од мандатот Илијев се одлучува да го отфрли ова сообраќајно решение за кое претходно и самиот се залагал и за кое наследил постоечка изготвена проектна документација, па сега, бара целосно ново решение и бара да се проектираат 2 нови кружни текови на спојот на улиците „Димитар Влахов“ и „Стево Теодосиевски“ и веднаш понатаму за „Димитар Влахов“ и „Глигор Апостолов – Гочо“.

Кружниот тек служи за регулирање на сообраќајот и зголемување на безбедноста, но негативната последица од кружниот тек е забавувањето на сообраќајот е зголемената емисија на штетни гасови од возилата кои дополнително го загадуват воздухот на локацијата на кружниот тек. Загадување од кружниот тек на дуплиот мост би било “амортизирано“ од струењето на воздухот над реката, но изведба на два кружни текови во срцето на “Стришани“, каде нема струење како над реката и каде што штетните гасови ќе остануваат во средината се еколошка бомба за градот, издувните гасови со сигурност ќе го задушат овој дел од градот!

Прашуваме на каква анализа се темели барањето за проектирање на вакво сообраќајно решение на тој простор?

Илијев и СДС во 2017-та на прес конференции обвинуваа за ниските капацитети на тогашната локалната затоа што не била отпочната изградбата на кружниот тек на дуплиот мост. Прашуваме:За чиви ниски капацитети станува збор сега?

Сепак станува јасно дека граѓаните до крајот на мандатот на Николчо Илијев нема да видат никакво решавање на сообраќајните проблеми во градот. “

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace