БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кирил Ковчегарски: ОД “МЕДЕНАТА” МАКЕДОНИЈА ДО “ОРОПИСКО – ГОНАРСКАТА” СЕВЕРНА

Пренеси го гласот

Џабе јас скоро во секоја колумна ви се извинувам за експлицитниот речник кој во последно време го користам, како што напомнав и во една од претходните, за жал тоа е таа наша денешна реалност. Од медени зборови, медени случувања и медени луѓе до оро_писко-го_нарски настани и исти такви луѓе кои за жал во изминаттиве неколку години жарат и палат низ жална Македонија и се идоли на многу наши сограѓани. Досаден сум ви веројатно, а и неинтересен со овие мои пишувања во ваков стил, но почитувани мои, едноставно сето ова што ни се случува и влијанието кое се создава врз нацијата е посилно од мене. Имам безброј прашања и дилеми во својата глава на кои никако неможам да си дадам одговор.

Што ли се случи со “медената” Македонија, со медениот народ кој живее на овие простори? Како е можно оваа божја убавина и голем дел од овој прекрасен народ за толку краток период да се претвори во едно “оро_писко– го_нарско” дувло во кое сме сега осудени да живееме?

Сенките од медената земја за среќа ги гледаме секојдневно насекаде. Во деновите кои се зад нас, и ни следуваат, целата нација се гордее и живее со случувањата околу документарниот филм со наслов “Медена земја”. Успехот на овој филм претставува гордост за сите нас, а протагонистите во истиот насекаде низ светот им држат лекции на овие наши северњаци како се почитува татковината и како се работи на нејзина промоција. Со гордост луѓето истакнуваат дека доаѓаат од медената Македонија, земјата на најстариот филмски фестивал во светот, а не од “оро_писко– го_нарската” северна творба во која сме приморани да живееме и работиме. За нашите спортисти кои не пропуштаат прилика да истакнат дека се од Македонија и да го покријат она срамното северна е многу пишувано. Деновиве покрај погоре споменатите кон отпорот се придружи и поп пејачот Влатко Лозаноски кој на фестивал во Србија го поправи најавувачот и му кажа кој е и од каде доаѓа. Да биде иронијата поголема тоа беше манифестација во која водителка беше евровизиската претставничка на Северна, Тамара, која на таа манифестација не се одважи да ја спомне својата медена земја. На неа, тогаш и таму во Израел, поважни и беа некои работи опишани во вториот дел од насловот на оваа колумна, заради себе промоција и занос дека е “факинг гуд” најбоља на свет. Е сега, реакциите на нацијата за гестот на Влатко и оние за настапот на Тамара мислам дека се ни кажуваат, но за жал и не потсетуваат на ненормалната сегашност и на луѓето кои гордо живеат во неа. А толку малку и требаше да биде медена и сакана од сите, требаше само да го изговори медениот збор пред огромниот аудиториум и иднината ќе и беше осигурана, но таа за жал одбра да игра и пее по туѓи ноти, како таму, така и тука откако се врати назад. Многу ја ценеле и сакале надвор.  Се е џабе ако дома не те сакаат и почитуваат.

Невозможно е и оваа недела да не се спомне она што ни се случува на политички план, како и случувањата во полето на нашето правосудство. Случувањата на судењето за “Рекет” и тешките зборови на истото (инспирација за денешниот наслов) кои си ги разменуваат учесниците во оваа постапка се директен доказ за тоа во каква земја денес живееме и за какви вредности некои се бореле во изминативе години. Тоа се директните претставници, апологети, на оваа “северна” творба и власт. Почнаа меѓусебе да се јадат и тоа нема да застане тука верувајте. Да сме живи и здрави за кратко време ќе им ги видиме сите нечисти алишта. Ќе биде грозно и понижувачки за слушање и гледање, но тоа е реалноста низ која ќе мораме да поминеме за да се исчистиме од сите овие фекалии со кои ни ги загадија умовите и нашата медена земја Македонија. Пукаат на секој план, се навредуваат со најниски зборови: политичари, новинари, судии и обвинители. Дно! Уште само треба и ние обичните граѓани да се срамиме што почнуваме исто како нив да се однесуваме.

Во тек е деновиве и јавната расправа по новиот закон за Јавно обвинитеелство на која освен големиот број на експерти кои укажуваат на неквалитетниот и во голема мера небулозен и неуставен закон, учествуваат и личности кои наместо од срам да се сокријат во глувчешка дупка и со години да не излегуваат од неа, се осмелуваат да даваат дури и предлози и идеаи околу оваа проблематика. Така слушнавме дури и лудост околу тоа дека обвинителите треба да ги бираме во консултација со мисијата на ЕУ во Македонија. Веројатно се мисли исто онака како што се консултираа за изборот на бившата шефица на СЈО, на таков невиден квалитет и кадар, па да ни ги решат проблемите во правосудството успешно како што ги реши оваа и оние со неа кои сега се поздравуваат по судниците со ороспијо и го*нарке. Па требало да се биде елоквентен во настапите, да се зборува милозвучно и да се изгледа убаво, итн. Треба да се биде добар правник и да се разбира правото! Се другото е споредно, и ако го има уште подобро, но кај нас за жал се е обратно. Се ни е побитно од познавањето на правото. Затоа и не ја бива!

Кон сево ова непримерно поведение неминовно е да се надоврзуваат и разни настани и глупости кои ги прават и најобичните граѓани. Се згрозив од снимката на која некој голем скопски јунак им се сили на група туристи во Скопје за кои мисли дека се Кинези и ги брка од тука поради корона вирусот. Нема зборови за да се опише оваа будалаштина која никако не смее да помине неказнето. Нешто слично се случи и во популарниот Сити Мол каде двајца обезбедувачи си правеле шеги меѓусебно, па предизвикале паника и евакуација во истиот. А, што друго да се очекува со вредностите што ни се продаваат и сервираат?

Се јави и Петре на седница на Совет на Град Скопје и тоа да им каже на “клетите” вмровци дека треба да им биде срам тие да зборуваат за загадувањето и дека направиле се за да ја уништат “златната” Топлификација. Ладно му е и загадено во Северна, па му треба топлина изгледа. Можеби е така ко што вели Петре, ама јас знам дека додека беше Топлификација плаќав 6.500,00 денари за парно и тоа пред 7-8 години, а сега со новата фирма БЕГ плаќам 3.100,00 денари, плус ме грејат поквалитетно и неколку часа подолго. Исто така знам дека со таа Топлификација пола Скопје е уште по судови и извршители, и истата остана должна на еден куп правни и физички лица. За количината на загадувањето тогаш и сега не навлегувам, ама некако исто ко да ќе да е.

Деновиве хит се и доделените лиценци за одгледување на марихуана низ државава, па така слушнавме дека таква добиле дури и потенцијални зетовци, роднини, синови на поранешни градоначалници и осуденици. Но тоа е, зар очекувавте овие северџански претставници да одгледуваат пчели и да произведуваат мед како Атиџе од медената земја?

Многу активни ни се и сите пратеници, министри, технички и сл. Додека едни не убедуваат како тече мед и млеко во Северна, како се зголемува вработеноста, растат платите, пензиите, социјалната помош, другите одат на средби со граѓаните и ја презентираат програмата и плановите за по добивањето на власта. Како живеат граѓаните тие најдобро ќе си кажат на 12 Април на изборите. Тогаш сите ќе дознаеме дали ни е до толку убаво за да си седиме со нозете во вис и да уживаме во благодетите на власта додека народот страда, или е потребно да се спуштиме сите на земја и конечно веќе еднаш да започнеме со работење за добро на народот, а не на самите себе. Додека сите што се занимаваме со политика не сфатиме дека ние треба да сме во неа за да направиме добро за народот, а не за самите себе, до тогаш наместо во медената земја ќе се давиме и проституираме во фекалиите со кои си се хранат меѓусебно слугите на  хибридниот-хунташки режим и странските платеници во земјава.

Пишува: Кирил Ковчегарски,

Адвокат и член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција при ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот