Во врска со можни манипулации со сретстата наменети за спортските клубови во Штип, денеска своја прес конференција имаше Љубе Здравков од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНе од Штип.
Во продолжение во целост gгo пренесуваме текстот на неговата прес конференција:
“Почитувани обврзници кои го полните градскиот буџет,
Вчера,30 јануари 2020 година се одржа 29-тата седница на Советот на општина Штип. На оваа седница главна дискусија се водеше околу доделување на парични средства од општинскиот буџет на спортските клубови кои поднеле барање.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и самата партија во целост секогаш стои на страната на спортските клубови и ќе се залага за развојот на спортот и спортските клубови преку соодветно,неселективно,законски издржано и транспарентно доделување на буџетски средства.
На самата седница владеачкото мнозинство на незаконски начин,непочитувајќи ги статутарните одредби,позитивните законски прописи и укажувањето на Државната ревизија се обиде предизборно да им се додвори на барателите,да ги изманипулира даночните обврзници и да изврши поделба на буџетски средства без ЈАВЕН ПОВИК кон сите заинтересирани,со познати критериуми и мерила.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ жестоко се спротивстави на ваквото незаконско работење,незаконско трошење на парите на граѓаните , несоодветно и селективно третирање и рангирање на спортските клубови.
СДСМ невешто се обиде да ја изманипулира штипската јавност и спортските клубови преку срамотни шпекулации дека ВМРО-ДПМНЕ е ПРОТИВ доделувањето на парични средства на спортските клубови.
Уште еднаш потенцираме дека во целост ги подржуваме спортските клубови,нивните објективни потреби, се со цел постигнување на зацртаните спортски цели,со што достојно ќе го презентираат нашиот град.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година