Во текот на вчерашниот ден дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски беше во посета на земјоделците во Општина Конче.
За време на средбата на заменик министерот Трипуновски со земјоделците беше присутен и градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев.
Во вербална расправија помеѓу револтираните земјоделци и градоначалникот како и претставник на откупувачот на тутун во оваа општина земјоделците јавно пред камери ги раскажаа своите поразителни приказни како и проблемите со кои се соочуваат при нивното работење и егзистенција.
Цветан Трипуновски застана на страната на земјоделците потврдувајќи ги фактите кои говорат за хаосот во кој што работат земјоделците.
Погледнете во видеото во продолжение дел од тензичната атмосфера меѓу земјоделците и Градоначалникот на Конче:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година