БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните на Делчево ќе се бори за реализација на проекти за 2023 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

За првпат во историјата раководството на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните како опозиција на локално ниво ќе бараат и ќе се борат за реализација на проекти од страна на актуелната локална власт во Делчево.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста упатија јавен повик за собирање на предлог проекти и решавање на постојни инфраструктурни и други потреби на граѓаните на Делчево кои што ќе бидат предложени од страна на советниците на партијата за реализација за наредната година.

“Како резултат на игнорантскиот однос на локалните власти предводени од градоначалникот Горан Трајковски за секојдневните потреби на граѓаните и надминување на проблемите кои актуелната локална власт не сака да ги види а не пак да ги решава, одлучени сме на ваков чекор со кој што ќе влијаеме заедно со граѓаните порационално користење на општинскиот буџет за реализација на потребни проекти за граѓаните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

До нас пристигаат информации дека во минатите години општината и градоначалникот собирале про-форма предлози од граѓаните, кои што потоа завршувале во некои фиоки и не биле реализирани. Затоа како одговорна партија која работи во функција на подобрување на стандардот на граѓаните се решивме заедно со граѓаните да се бориме пред локалните власти да се реализираат нивните барања,”

-соопштуваат од раководството на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево во врска со оваа иницијатива.

” ЈАВЕН ПОВИК‼️

Како резултат на секојдневната комуникација и потребите на жителите на сите населени места на Општина Делчево, ОК на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија од Општина Делчево распишува ЈАВЕН ПОВИК за ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИ,БАРАЊА И ПРОЕКТИ кои треба да ЗАЗЕМАТ ВАЖЕН ДЕЛ при креирањето на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево и Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија од Општина Делчево во услови на недостаток на проекти на општинската администрација и во насока на реализирање што е можно повеќе проекти во интерес на жителите на Општина Делчево го превзема овој чекор се со цел изнаоѓање на реални и издржани проекти кои ќе имаат за цел да го подобрат и олеснат живеењето во нашата општина.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево го задржува правото да ги разгледа и отцени сите проекти кои треба да бидат дел од Буџетот на Општина Делчево за 2023 година, се во интерес на жителите на Општина Делчево и за кои смета дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија треба да ги достави и да се бори за нивна имплементација во Совет на Општина Делчево во согласност и рамките на нашите можности.

ВАШИТЕ ПРЕДЛОЗИ И ПРОЕКТИ можете да Ни ги доставите во просториите на Централен штап на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево во периодот 17:00-21:00 часот, најдоцна до 11.11.2022(петок) или на email адреса:ok-delcevo@vmro-dpmne.org.mk .

Со почит, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.”

-стои во јавниот повик на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace