Денеска екипи на ЕВН-Македонија можеа да се забележат, како ги бојадисуваат постојните општински канделабри по должина на Бул. Маршал Тито во центарот на Делчево.
Како што добивме информација, оваа активност спроведена од компанијата е во рамки на нивната подготвеност да покажат поголема општествена одговорност кон граѓаните на општина Делчево, во насока на разубавување на центарот на градот.
Искрено се надеваме дека од ЕВН Македонија уште повеќе ќе продолжат да ги практикуваат ваквите активности на остварување на општествена одговорност и соработка со граѓаните.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг