Не беше толку оддамна кога пратеникот Благој Бочварски стоеше на ова место и ветуваше дека доколку победи на предвремените Парламентарни избори 2016, во првите 100 дена, лично ќе се заложи за расчистување на големиот одрон на магистралниот пат Кочани – Делчево.

Оттогаш поминаа десет месеци.
Поминаа и 100 дена од Владата на СДС, а одронот се уште е на ова место.
За само 100 дена, граѓаните на Источна Македонија сфатија дека она што СДС им го ветуваше пред изборите, е спротивно од она што СДС го прави после изборите.
Денес, извршната власт е во рацете на СДС, но состојбата со овој патен правец е во уште полоша состојба.
Стана очигледно – СДС ветува и критикува само за добивање на гласови, а не за подобрување на животот на граѓаните во Источна Македонија!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!