Денеска на официјалниот интернет портал на општина Берово од општинската администрација соопштија дека од денеска започнува со работа новиот градски пазар во општината.
Станува збор за уреден и покриен простор кој ќе ги задоволи потребите на пазарџиите и граѓаните за трговија на земјоделски и останати производи.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението од општина Берово:
Жителите на Општина Берово, од денеска пазарат во покриен градски пазар, кој ги задоволува сите услови на модерно пазарење.
Новиот пазар, за жителите на општина Берово, но и за продавачите и туристите, ќе значи олеснување на условите на пазарење, засилување и поттикнување на економските активности и подобрување на квалитетот на живот.
На барање на Владата, Европската Унија (ЕУ) се согласи да обезбеди 15,5 милиони евра, за развој на руралната инфраструктура.
Вкупниот износ на програмата,вклучувајќи го и кофинансирањето, од страна на Владата, изнесува 20,667 милиони евра.

Програмата ја имплементира, Министерството за финансии,а истата е администрирана од страна на Светска банка.
Овие средства, им се доделуваат на општините, во форма на грантови и треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во руралните области.
Во рамките на оваа програма, Општина Берово доби право да користи ЕУ Грант, во износ од 134.857,00 евра, за имплементација на проект ,,Изградба на Зелен пазар во Берово”. Вкупниот износ на проектот изнесува 202.742,00 евра и истиот екофинансиран од страна на општинскиот буџет со 67.885,00 евра.
Пазарот се протега на покриена површина од околу 1800 метри квадратни а објектотсе состои од три модули, два продажни делови и влезен дел.

Градскиот пазар во Берово е единствениот пазар на територијата на Општина Берово , кој постојано го користат жителите на општината, посетителите и туристите за време на туристичката сезона.
Пазарот е од големо значење за локалното население,трговците, земјоделските производители, како од економски така и од социјален аспект.
Превземено од Општина Берово
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци
Акција за озеленување на јавни површини во Кочани
Лекар во Клиничката болница во Штип физички нападнал свој колега за време на операција