Со одавање почит пред споменикот на Димитер Поп Георгиев Беровски на плоштадот во Берово, денеска официјални лица на локалната власт во општина Берово се приклучија кон одбележувањето на 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание.
Градоначалникот на општина Берово Петар Ружински со припадници на администрацијата и локални општественици положија букети со свежо цвеќе и се поклонија пред лицето и делото на воениот стратег, водач и организатор на Разловечкото востание Димитар Поп Георгиев Беровски.

“По повод одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание, денеска, со достоинство и длабока почит, им оддадовме чест на хероите, кои ја започнаа борбата за слобода.
Пред споменикот на Димитар Беровски во Берово, положивме цвеќиња, заедно со делегации, институции и граѓани, со што изразивме благодарност и почит, кон сите борци за слободата на Македонија.
Разловечкото востание, останува траен симбол на храброста, пожртвуваноста и непокорот на македонскиот народ.
Споменот за неговите учесници, продолжува да живее и денес, како потсетник за силата на народот, кој се борел за својата татковина.
Во рамки на одбележувањето, се одржа и историски час, преку кој, имавме можност да се потсетиме на значењето на Разловечкото востание и неговото место во македонската историја.
Со ваквите настани, ја чуваме историската вистина и ја пренесуваме љубовта кон татковината, на младите генерации.
Разловечкото востание било првиот силен пламен, што ја осветлил македонската револуционерна борба — доказ дека Македонија има свои синови, подготвени да се жртвуваат за неа.
Денеска, 150 години подоцна, не смееме да заборавиме дека слободата што ја живееме, е платена со крвта и жртвата на нашите херои.
Наша должност е вечно да ги чуваме нивните имиња, делото и идеалите за слободна и достоинствена Македонија.”
-напиша на социјалните мрежи во врска со овој настан Градоначалникот на Берово Петар Ружински.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене