БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кочани под ѕвездите: Три вечери посветени на македонскиот филм и култура

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од 15 до 17 мај, Споменикот на слободата во Кочани ќе се претвори во уникатно кино под отворено небо, каде што публиката ќе има можност бесплатно да проследи пет македонски филма во рамките на настанот „Филм под отворено небо“.

Станува збор за тридневен филмски настан организиран од Локалниот младински совет при Општина Кочани, со поддршка од Европската Унија, чија цел е збогатување на културниот живот во градот и создавање простор за заеднички културни доживувања за сите генерации.

Програмата опфаќа разновидни филмски остварувања – од анимирани и забавни содржини за помладата публика, до филмови што обработуваат подлабоки општествени и историски теми.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

В петок, 15 мај, со почеток од 18 ч. ќе се прикаже филмот „Јон Вардар против галаксијата“, а од 21 ч. – „Медена земја“.  На 16 мај, сабота од 18 ч. е проекцијата на „Диџеј Ахмет“, а в недела, 17 мај, од 18 ч. е „Година на мајмунот“, а од 21 ч. – „Трето полувреме“.

Настанот има за цел да понуди филмска програма, но и да создаде простор за дружење, размена на идеи и доближување на македонската кинематографија до младите и пошироката публика.

Организаторите ги покануваат сите љубители на филмот, културата и добрата атмосфера да бидат дел од ова тридневно филмско доживување под отворено небо.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace