Општина Кочани го објави јавниот повик за работно ангажирање 20 (дваесет) невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување).
Сите невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) можат да се пријават во Центарот за вработување – Кочани.
Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите што ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен месечен износ од 24.000 денари со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход. Средствата се обезбедени од Буџетот на АВРСМ – потсметка активни програми и мерки.
Целосниот јавен повик е објавен на веб-страницата на Општина Кочани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево