БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Кочани објави Јавен повик за авторски трудови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод петгодишнината од осветувањето на храмот „Св. Лидија Македонка“ во Свети Николе,  што се одбележува во текот на 2026 година, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Брегалничката епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Илиарион, подготвува зборник посветен на ликот и делото на Света Лидија Македонка.

За таа цел е распишан Јавен повик за доставување авторски трудови за улогата на жената во православната црква и за ликот и делото на Света Лидија Македонка. Право на учество имаат сите заинтересирани авторки, истражувачки, професорки, теолози, научни и културни работнички и други лица што ќе придонесат кон содржината на зборникот.

Трудовите треба да бидат напишани на македонски јазик, во Ворд со фонт 12, најмногу до 7 страници (А4 формат) и да се испратат на е-адресата: ognen.kocevski@kovz.gov.mk.   Рокот за доставување на авторските трудови е до 1 септември 2026 г.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Зборникот со трудови ќе биде промовиран на денот на осветувањето на храмот „Св. Лидија Македонка“. 

Креирано од:


Пренеси го гласот