БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Лозово спремно ги дочека снежните врнежи во општината

Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски преку социјалните мрежи упати уверување дека тековните снежни врнежи во општината како локална власт ги пречекале подготвени во интерес на обезбедување на поволни услови за нормално функционирање на граѓаните во сите населени места во општината.

“Почитувани граѓани на општина Лозово,

⭕️Ве известуваме дека службите на општината експресно работеа на расчистување на улиците и локалните патишта по утринските снежни врнежи, кои оваа година не не изненадија,како што беше случајот во изминатите четири години под раководство на Велковски и Тасков!!

⭕️Уште во раните утрински часови соодветна механизација беше на терен и интервенираше во сите населени места за да овозможат безбедни услови за движење на сите жители и моторните возила.

⭕️Набавената сол и песок беше превентивно посипана по улиците и тротоарите.

⭕️Превземените навремени дејствија од екипите на ЈПКД Лозово во Координација со директорот Jordan Ilievski резултираа со чисти улици,патишта и слободно движење на граѓаните на најфрекфентните пешачки патеки во Лозово.

⭕️Службите ќе ја следат состојбата и ќе продолжат со теренските активности во текот на денот и во ноќните часови, а во случај на потреба ќе интервенираат при евентуално настанување на лед по улиците.

п.с. Решаваме реални проблеми ✅

-соопшти преку социјалните мрежи Бошко Цветковски- градоначалник на општина Лозово.

Креирано од:


Пренеси го гласот