БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Виница потпиша Меморандум за соработка во рамки на УСАИД- проектот за зајакнување капацитети

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден во присуство на Кејт Мери Брнз- амбасадорка на САД во Македонија и повеќе градоначалници, Градоначалникот на општина Виница Миле Петков потпиша Меморандум за соработка со имплементаторската организација Кардно Емергинг Маркетс, Лтд која што имплементира проект на УСАИД кој во крајна линија треба да придонесе за подобрување на процесот за децентрализација на единиците на локалната самоуправа.

Проектот има повеќе цели од кои што најважни се изнаоѓање на начини за зголемувањето на приходите на општина Виница.

“Денес потпишав Меморандум за соработка помеѓу општина Виница и Кардно Емергинг Маркетс, Лтд- главен изведувач и имплементатор на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Цели на овој Проект на УСАИД е во соработка со единиците на локалната самоуправа и Владата на РМ да се постигне:

➡️ Зголемување на приходите од сопствени извори на локалната самоуправа.

➡️ Зголемен пристап до надворешно финансирање.

➡️ Зголемено ниво на извршување на буџетот на единиците на локалната самоуправа.

➡️ Подобрување на процесот на децентрализација”

-соопшти градоначалникот на општина Виница Миле Петков во јавноста во врска со потпишаниот Меморандум.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace