БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Виница со најголеми почести и достојна манифестација ќе го чествува Денот на ослободувањето

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод 78 годишнината од ослободувањето на Виница од фашистичките окупатори во Втората Светска Војна, Градоначалникот Миле Петков со општинските служби за своите сограѓани подготвуваат голема повеќедневна културно-спортска манифестација со учество на голем број Македонски културни и спортски дејци- поединци, групи и екипи.

Добрата организираност во општинската самоуправа, инволвираноста на голем број учесници кои што ќе се претстават и учествуваат на повеќе локации во текот на 4 денови, гарантираат убава и достојна програма по повод денот на општината а целата манифестација ќе заврши во вторникот попладне со убав музички хепенинг на кој што свое учество има најавено Македонскот музички артист Ламбе Алабаковски.

“Оваа година 78-годишнината од ослободувањето на град Виница и празникот на општина Виница го одбележуваме со четиридневна програма:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

➡️ Сабота 27.08.2022 година, Чупино Треил

– 06:00 до 07:50 Отворање на настанот, пристигнување на сите учесници, подигнување на стартни пакети

– 07:00 Старт на трките Тринити ултра треил 60К и Чупино треил 40К

– 08:00 Старт на трката Бумбарска треил 16К

– 11:00 Старт на Алми детска трка 3-5 год.

– 11:10 Старт на Алми детска трка 6-9 год.

– 11:30 Старт на Алми детска трка 10-12 год.

– 08:15 до 16:00 Целодневен музички хепенинг со Dj Erick за сите навивачи и поддржувачи на тркачите

– 16.00 Прогласување на победниците и доделување на награди

– 17:00 до 19:00 Концерт на Јордан Манов & The other side

– 21:00 Затворање на настанот.

➡️ Недела 28.08.2022 година, Одбележување на ослободувањето на с.Блатец

➡️ Понеделник 29.08.2022 година, Настап на група Мелем во дворот на Храм Св. Јоаким Осоговски, с.Јакимово

➡️ Вторник 30.08.2022 година, Централен настан

– 10:00 Положување цвеќе на спомен бистите на загинатите борци на НОБ

– 16:00 Презентација на воена опрема на Армијата на Република Македонија (автобуска станица)

– 18:30 до 01:00 Музички хепенинг на Плоштад “Ангел Винички” збогатен со настап на Lambe Alabakovski

-информираше градоначалникот на општина Виница Миле Петков.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace