• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Македонија

Ѓорѓе Иванов за историското значење на првата република на Балканот

август 2nd, 2018 Македонија коментари 415
Ѓорѓе Иванов за историското значење на првата република на Балканот

Почитувани граѓани на Република Македонија,
Годинава, на ден Илинден одбележуваме 115 години од славната Крушевска Република, 74 години од државотворниот АСНОМ и 27 години од независнoста на Република Македонија.
Република Македонија е плод на неповратниот историски процес што започна со пролетта на европските народи во првата половина на 19 век. Но, таа пролет кај македонскиот народ беше поинаква. Додека соседните балкански народи преку монархии градеа независни држави, Македонскиот народ го избра патот на републиката. За разлика од оние кои повикувале странски династии да ги заштитуваат и претставуваат, Македонскиот народ сам си ги давал своите заштитници, застапници и херои кои се бореле за општото добро – за res publica.
Водени од тој идеал, на ден Илинден 1903-та тука во Крушево, тие ја формираа првата македонска република – Крушевската Република. Тоа е воедно и првата демократска република на Балканот која ги вклучи идеалите на слободата од тиранијата, еднаквоста пред законот и братството меѓу народот на Македонија.
Иако краткотрајна, Крушевската Република внесе светлина во долгата и темна македонска ноќ. Иако само за миг го огреа таа светлина на слободата, народот повеќе не сакаше да се врати назад во темнината на ропството и тиранијата. Слободата на Републиката стана негова трајна идеја-водилка.
За Илинден и за славното Крушево пишуваа сите светски медиуми. Сведоштвото за тој сон се пренесуваше низ сите светски метрополи, од Њујорк, Москва, Токио, Виена, Берлин, Лондон, Париз дури и до земјите на Латинска Америка.
Рефлектирајќи врз тие судбоносни настани, Димо Хаџи Димов во 1924-та ќе прорекне дека „народот што можеше да даде едно Илинденско востание и да преживее цел синџир тешки и горчливи разочарувања по него, но кој, пак, не е очаен, ами се крева на нови борби, тој народ нема да умре, туку ќе го доживее триумфот на својот идеал. Доволно е само да не си ги затвора очите пред условите во кои се развиваше во минатото и во кои ќе се развива во иднината неговото ослободително дело.“
Само 20-тина години подоцна, една млада генерација предводена од Кузман Јософовски Питу ги препозна условите и ја презеде на себе историската одговорност; одговорност да го поведе народот во организирана и решавачка борба за политичка слобода и социјална правда. И повторно, идеја – водилка на таа славна генерација беше македонскиот републиканизам. Затоа, излегувајќи како победник над фашизмот и нацизмот од Втората светска војна, македонскиот народ на ден Илинден 1944-та, ја формираше својата втора македонска република – АСНОМ-ската Република Македонија.
Верен на републиканскиот идеал, на 8 Септември 1991 година, македонскиот народ ја прогласи својата трета независна Република Македонија. Народот по трет и конечен пат ја презеде одговорноста за нејзината сегашност и иднина на самиот себе, без повеќе да се потпира на други.

Драги сограѓани,
За да ја разбереме историската одговорност на народот кон својата република неопходно е да се вратиме на изворот, каде што водата е најбистра.
Во 1919 година, македонските студенти во Софија побарале од Ѓорчета Петров да одржи беседа на гробот на Гоце Делчев. Тие најверојатно очекувале да го чујат веќе познатиот наратив дека Делчев бил алфа и омега на револуционерна Македонија. Но, Ѓорче им кажал нешто друго. Гоце верувал дека не силните индивидуи, туку организираната сила на народот треба да ја изнесе борбата на своите плешки. Делчевата генерација кај народот ја вгнездила верата во сопствените сили, бидејќи ропството исчезнува тогаш кога робот престанува да биде роб во душата. Ѓорче им рекол дека македонското ослободително дело е историска неопходност што не се должи само на поединци, туку на колективната волја на населението во Македонија. Тој бил убеден дека „идејата за самостојна Македонија е директна цел на нејзиното население“ на нејзиниот македонски народ.
Оваа цел за самостојна Македонија започна да се реализира на нашиот прв Илинден, во нашата прва република – Крушевската Република создадена заради правдата, слободата и човечкиот живот на нејзините граѓани.
И оваа благородна цел продолжи да се развива на нашиот втор Илинден, во нашата втора АСНОМ-ска Република Македонија која стана симбол на слободата и изразител на суверенитетот на македонскиот народ.
И токму оваа цел беше конечно заокружена на нашиот трет Илинден, кога на 8 септември 1991-та од суверената волја на македонскиот народ се роди суверената македонска држава.
Нишката што ги поврзува трите наши македонски републики е суверенета волја на македонскиот народ. Таа суверена, општа волја на македонскиот народ секогаш била изразена во општото добро – во републиката.

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Ѓорѓе Иванов од Мечкин Камен со говор за во семејните архиви на секој горд и честит Македонец
Следна објава Ѓорѓе Иванов: Грчкиот договор е резултат на славољубие со кој се редефинира Република Македонија
Може да Ве интересира:
Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба
Македонија

Ѓорѓија Сајкоски: Маката е што неспособната власт од целата земја направи јавна соба

јануари 31st, 2021 17
"Стојанче поздрај го татко ти и кажи му со еден повик ќе го избрка од работа... ќе те остаа како пес испружен на улица." -Млад кичевчанец прима закани за ликвидација и бркање од работа на татко му

јануари 29th, 2021 1341
Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ
Македонија

Поддршка од земјите на Вишеградската група за членство на земјите од Западен балкан во ЕУ

јануари 25th, 2021 162
Странските инвестиции кои ги носи Заев се со стелт технологија
Македонија

Странските инвестиции кои ги носи Заев се со стелт технологија

јануари 24th, 2021 220
Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија
Македонија

Значајна средба на Александар Николоски со австрискиот амбасадор во Македонија

јануари 22nd, 2021 149
"Првиот попишувач" Апостол Симовски се закани со затворски казни на тие што нема да се попишат
Македонија

"Првиот попишувач" Апостол Симовски се закани со затворски казни на тие што нема да се попишат

јануари 22nd, 2021 251
Реакции за новиот концепт на МОН за музичко образование
Македонија

Реакции за новиот концепт на МОН за музичко образование

јануари 21st, 2021 293
Средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со Маријана Петир
Македонија

Средба на врвот на ВМРО-ДПМНЕ со Маријана Петир

јануари 21st, 2021 155
Се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем?!
Македонија

Се подготвува ли страшно сценарио за комплетно исклучување на РЕК Битола од електроенергетскиот систем?!

јануари 17th, 2021 506
Facebook Comments
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

729
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

942
Најнови објави
Фев 24th 4:36 PM
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 22nd 6:21 PM
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

Фев 21st 9:22 AM
Европа

Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација

Фев 17th 8:40 PM
Политика

Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација

Фев 17th 8:30 PM
Институции

За општина Штип гасификацијата е реализирана но само на ниво на планска документација. Ништо од ветената изведба на терен

Фев 17th 7:12 PM
Став

Шеќеринска пред 11 месеци, во време на светска пандемија го одјавила Полковник Драган Ковачки од здравствено осигурување

Фев 17th 12:16 PM
Регион

Претседателот на Советот на Општина Делчево наплаќал за адвокатски услуги од институции во Македонска Каменица, алармираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

Фев 16th 6:43 PM
Регион

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за реваншизам и непрофесионални преместувања во МВР во Кочани

Фев 15th 9:15 AM
Институции

СДСМ Кочани и Општина Кочани преку идентични соопштенија комуницираат со јавноста

Фев 15th 9:00 AM
Регион

Пред 3 месеци Бочварски се пофали дека потрошил 2.3 милиони евра за 10 км пат, кој денес изгледа вака

Набери здравје
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
Шеќеринска пред 11 месеци, во време на светска пандемија го одјавила Полковник Драган Ковачки од здравствено осигурување
Став

Шеќеринска пред 11 месеци, во време на светска пандемија го одјавила Полковник Драган Ковачки од здравствено осигурување

Фев 17th, 2021 1649
Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација
Европа

Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација

Фев 21st, 2021148
Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 24th, 2021121
Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација
Политика

Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација

Фев 17th, 2021112
Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

Фев 22nd, 2021106
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
thylane blondeau01
32-18
burning man 2017 21
graduates2018-12
received 2252883821468833
12-11-2015-1447337286
burning man fest 033
al pacino 52
glamour 031
razlovci arhitektura 07
Monica Bellucci 113
28-09-2018-1538200300
12-11-2015-1447338355
23528194738 dd561c5dbc o
37123515120 accde5382d o
al pacino 46
Creative-Photo-Ideas-for-Real-Daredevils-3
13-18-715x1024
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.