Кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јорданчо Костадинов како дел од неговите програмски определби во јавноста афирмираше уште еден проект кој што е од огромно значење за жителите на оваа општина кој што е дел од неговата предизборна програма.
Станува збор за повеќе мерки и активности со кои што ќе се овозможи забрзан развој на туризмот во општината во функција на подобрување на животниот стандард и локалниот економски развој.
“Визија, храброст и решителност – тоа се вредностите со кои ќе ја претвориме нашата општина во модерна и атрактивна туристичка дестинација! 🏞️
Нашата цел е да создадеме рекреативен туристички комплекс, сместен во природниот амбиент покрај реката Брегалница, на локацијата кај поранешната Фазанерија во село Чифлик.
🏕️ Во рамки на овој проект е предвидено:
💧 Изградба на вештачко езерце кое ќе биде вистински рај за љубителите на природата,
⚽ Спортски терени за сите генерации,
🌳 Рекреативни содржини и Адреналински парк за младите и авантуристите,
🍽️ Ресторан со локална органска храна, каде што ќе се промовираат производите од нашите земјоделци,
🪵 простор за одмор и пикник, каде семејствата ќе можат да уживаат во мир и чист воздух.
Овој проект ќе донесе нов живот и нова енергија во нашиот регион. 💪
Ќе се отворат нови работни места, ќе се зголеми бројот на посетители и туристи од земјата и странство, а со тоа ќе се поттикне брз развој на локалната економија. 🚀
👉 Ова не е само идеја – ова е реален и остварлив план за поубава, помодерна и поуспешна Општина Чешиново-Облешево! ❤️”
-напиша на социјалните мрежи кандидатот за градоначалник на Чешиново-Облешево Јорданчо Костадинов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип