Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци со повеќе статуси на својот фејсбук профил ја изрази својата вознемиреност од развојот на настаните на вечерашните протести пред парламентот на Република Македонија
Јас сум страшно вознемирена од сево ова вечерва.
Се срамам од силата која беше применета врз народот !
Длабоко човечки, јас, се гадам од оваа власт.Јас не замислував ваква Македонија !
-пишува во еден од статусите новинарката.
По што продолжува:

Пораз на ,,триумфот” на Зоран Заев.
Македонската полиција пушти солзавец. Ова не сум го доживеала во време на Никола Груевски. Грмеше цел Центар од шок бомбите за разбивање на толпа.
Ова го пишувам додека очите и грлото ме печат. Употребија шок бомби, солзавец, специјални сили, топовите беа на готовс.
А, низ оваа порта, барем досега, поминуваа херои и се славеа триумфи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!