Во текот на денешниот ден вработени лица и механизација како дел од екипите на ЈП Камена Река, во целост го завршија уредувањето на локалниот земјен пристапен пат до домаќинствата кај Бабанец, во село Моштица.
Пробивањето и опесочувањето на овој пат беше од голема потреба за жителите кои што гравитираат по истиот, за што градоначалникот на општина Македонска Каменица заедно со менаџментот на јавното претпријатие во рамки на нивните ингеренции овозможија негово користење.
“Продолжуваме да работиме во насока на подобрување на условите за живот на сите граѓани, како во урбаната, така и во руралните средини од општина Македонска Каменица.”
-информираат од општина Македонска КАменица во врска со оваа реализирана активност.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународна соработка и богата културна програма на фолклорниот фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ во Кочани
37 годишна жена од Пробиштип влетела дома кај своја сограѓанка и почнала да ја тепа
44 годишен виничанец спречувал службено лице во вршење на службени дејствија и доби кривична пријава од полицијата