Македонија и Франција треба да градат пријателски и партнерски односи. Тоа е важно за европската иднина на Македонија и билатералните односи со Франција. 🇲🇰🇪🇺🇫🇷
Затоа, зачудуваат повеќе десетици текстови, изјави, прилози, колумни и статуси на социјалните мрежи објавени од политичари, функционери, советници, екс амбасадори, портали и јавни личности блиски до СДСМ, директно насочени против Франција, претседателот Макрон и амбасадорот Тимоние.
За жал, во одредени текстови и објави има отворен говор на омраза и тоа треба да биде веднаш осудено.
Сите посакувавме и дадовме поддршка за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, но факт е дека многу од француските забелешки се реални и основани.
Македонија во моментов има бројни проблеми, предизвици и назадувања. Потребни се реформи и чесна работа, а не хајки против пријателите кои добронамерно укажуваат на нашите пропусти како држава и добронамерно ја критикуваат власта.
Франција НЕ е виновна за секојдневните скандали во Македонија, туку луѓето од врвот на власта. Затоа, оваа организирана и жестока хајка треба да престане час поскоро.
Оваа хајка е непотребна и штетна за Македонија и нашите евроатлантски интеграции.
Франција е меѓу клучните земји членки на ЕУ и НАТО, како и пријател на Македонија. Затоа, треба сериозно да се земат во предвид нотираните забелешки. 🇲🇰🇪🇺
Дополнително, свои забелешки кон состојбите во Македонија имаат Данска 🇩🇰, Холандија 🇳🇱, Белгија 🇧🇪 и повеќе други земји.
Македонија предводена од Заев со неговите 50 лични советници и неговите 28 министри е далеку од стандардите на ЕУ според перформансите кои ги има. Оваа влада на СДСМ едноставно не може да ја доближи Македонија до ЕУ, што се виде на последниот европски самит.
Македонија мора да направи многу реформи. Потребна е нова енергија, нови луѓе и многу работа. 🇲🇰🇪🇺👍
-фејсбук статус на Владимир Ѓорчев
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
JO: Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“ меѓу кои и претседателка на ДКСК
Вицепремиерот Николоски оствари средба со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Обединетото Кралство
43 годишен штипјанец нападнал полицаец додека вршел службени дејствија