БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Отворен “Војдан Чернодрински”- театарски фестивал кој е достоен сведок на своето време

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во присуство на Претседателката Гордана Силјаноска Давкова и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски вчера присуствуваа на отварањето на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински” кој што оваа година се одржува по 60-ти јупилеен пат.

Синоќа, во присуство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, градоначалникот на Прилеп Дејан Продановски, пратеници, претставници на Владата, уметници и бројни љубители на театарската уметност, го отворивме 60. јубилејно издание на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.

Шест децении овој фестивал е чувар на македонското драмско творештво, место каде што се афирмираат највисоките уметнички вредности и се испишуваат најзначајните страници од историјата на македонскиот театар.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На овој голем јубилеј зборував и за состојбата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Три децении низ неговите простории времето оставаше видливи траги, а проблемите се одложуваа наместо да се решаваат. Денес повеќе не е доволно само да констатираме дека нешто е погрешно, наша обврска е тоа да го исправиме.

Објектот на театарот е затворен поради сериозни безбедносни недостатоци, што е недозволива состојба за институција со 75-годишна традиција и огромно значење за македонската култура. Затоа проектот за целосна реконструкција е подготвен и ќе го реализираме. Не како политичко ветување, туку како долг кон генерациите уметници кои ја создаваа историјата на овој театар и кон оние што ќе ја создаваат неговата иднина.

Заврши времето на молкот, заврши времето на оправдувањата и заврши времето на одложувањата. Време е за обнова. Време е за одговорност. Време е за театар достоен за својата историја.

Честит 60. јубилеј на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и успешни фестивалски денови исполнети со врвна театарска уметност”

-напиша на социјалните мрежи Министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Креирано од:


Пренеси го гласот