БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Отворена можност за заеднички археолошки истражувања и научна соработка со Германскиот археолошки институт

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за култура во Македонската влада Зоран Љутков денеска потпиша значаен меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт за заеднички археолошки истражувања, размена на наулни и искуствени практики и примена на современи медотологии во археологијата во Македонија.

“Денес, на археолошкиот локалитет Скупи, заедно со д-р Лукас Вертер од Римско-германската комисија го потпишавме Меморандумот за соработка со Германскиот археолошки институт, престижна меѓународна научна институција со долгогодишна традиција којa е под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи на Германија.

Ова партнерство отвора нови перспективи за нашите музеи и научни установи, кои ќе имаат можност за заеднички истражувања, размена на искуства и примена на современи методологии.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Археологијата е нашето живо наследство- мост меѓу минатото, сегашноста и иднината. Со оваа соработка не само што го унапредуваме научното истражување, туку и го зајакнуваме културниот туризам, претворајќи ги археолошките локалитети во вистински амбасадори на нашата историја пред светот.

Особено ми е драго што денес беше потпишан и договорот помеѓу Музејот на град Скопје и Римско-германската комисија, прв конкретен чекор кон реализација на оваа долгорочна соработка.

Убеден сум дека ова е почеток на ново поглавје со значајни резултати и уште поголема меѓународна афирмација на нашето културно наследство.”

-напиша на социјалните мрежи во врска со оваа значајна соработка Министерот Љутков.

Креирано од:


Пренеси го гласот