Иако во Уставот пишува дека постапката за заштита на човековите права е ИТНА И ПРИОРИТЕТНА сепак Уставниот суд уште не најде за сходно да ме повика по однос на доставеното барање.
БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!
ДО
УСТАВНИОТ СУД ул. „Кеј Димитар Влахов“ бр. 19 Скопје
Подносител на иницијативата
Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска
Врз основа на чл. 110, став 1, алинеја 3 и согласно чл. 50, став 3 од Уставот поднесувам
БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА
со БАРАЊЕ ЗА ВРЕМЕНА МЕРКА
(чл. 57 од Деловникот на Уставниот суд)
и
ПОВЕДУВАЊЕ постапка за заштита на слободите и правата на човекот и граѓаните, повредени со:
– дејството потпишување на поединечниот акт “Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу странитесклучена во Преспа (Нивици) Грција на 17.06.2018 меѓу „Првата страна“, Грција, претставувана од министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, и „Втората страна“, (безимената држава), претставувана од министерот за надворешни работи, Никола Димитров;
-дејствата за склучување на оваа Спогодба, нејзиното имплементирање, дејствата покренување постапка за измена на Уставот во Собранието согласно овој акт, формирање административен Заеднички интердисиплиниарен комитет за цензура и слободата на говорот, дејствата на согласување на државата под странски притисок на дополнителни услови за прием во ООН и тековно водење на земјата под привремената референца;
-дејството на непреземање заштита на слободите и правата преку откажување од поставување на прашањето за легалност на дополнителните услови наметнати на Македонија за прием и правниот статус на Р. Македонија во ОН, односно дејствата на враќање на уставното име во ОН и барање на советодавно мислење од Меѓународниот суд за правдата Хаг во врска со приемот на РМ во ООН, извршен со дополнителни услови и притисок од странска земја и
– дејствата на согласноста од Р. Македонија да биде примена под дополнителни услови надвор од (чл.4, чл.2 и чл.1) Повелбата на ОН и обврската да води преговори за своето име со странска држава.
Согласно решението XXII-П4-163/19 на Основниот суд Скопје 2, Скопје од 28.03.2019 година, а постапувајќи по мојата тужба против тужениот Република Северна Македонија, Влада на РСМ за утврдување ништовност на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните“ склучена во Преспа (Нивици) Грција на 17.06.2018 меѓу „Првата страна“, Грција, претставувана од министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, и „Втората страна“, (безимената држава), претставувана од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и за заштита на моите лични права утврдени со Уставот на државата и со меѓународните и европските документи за заштита на човековите права и слободи, Основниот суд Скопје 2, Скопје се ОГЛАСИ ЗА АПСОЛУТНО НЕНАДЛЕЖЕН СУД да постапува по тужбата, поради што тужбата беше отфрлена.
Во наведеното решение на Судот е утврдено/констатирано дека предметниот спор не спаѓал во надлежност на овој суд, туку во надлежност на Уставниот суд.
Доказ: Решение XXII-П4-163/19 од 28.03.2019 година на Основниот суд Скопје 2, Скопје
Во врска со ова решение во законскиот рок поднесов жалба до Апелациониот суд, кој постапувајќи по жалбата изјавена против решението на Основниот суд Скопје 2 Скопје (П4-163/19 од 28.03.2019 година) донесе Решение со кое жалбата ми ја одби како неоснована и го потврди решението на Основниот суд Скопје 2.
И Апелациониот суд, Скопје, сметал дека Основниот суд Скопје 2 бил апсолутно ненадлежен суд да постапува и ме упати заштитата на моите права да ја барам пред Уставниот суд.
Доказ: Решение на Апелациониот суд Скопје, ГЖ-2626/19 од 02.09.2019 година
Врз основа на изнесеното, а имајќи предвид дека со поединечниот акт Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, и погоре наведените дејства, државата и власта ми ги повредија личните слободи и права гарантирани во Уставот, а кои произлегуваат и од соодветните меѓународни документи за заштита на човековите оправа и слободи, го поднесувам ова барање со цел заштита на моите основни човекови права и слободи, и тоа:
1. Правото на еднаквост, односно забрана на дискриминација по основ на национална припадност од чл.110 ст.1 алинеја 3 од Уставот, чија основа се следниве меѓународно гарантирани права и слободи:
-правото на еднаквост во достоинството и правата од чл.1 од Универзалната декларација за човековите права (УДЧП), правото на еднаквост на правата и слободите од УДЧП, без разлика на јазик, национално потекло и земја на потекло, без разлика на правен или интернационален статус на земјата на припаѓање, без разлика на ограниченост на суверенитетот од чл.2 од УДЧП, еднаква заштита од дискриминација на правата од УДЧП од чл.7 од УДЧП, правото на забрана на мешање во приватноста и напади на честа и угледот и право на заштита од законот од такви мешања или напади од чл.12 од УДЧП, правото на националност, ни лишување од истото од чл.15 од УДЧП, право на образование со почитување на човековите права и основните слободи, толеранција меѓу нациите и правото на избор на родителите на образованието за нивните деца од чл.26 од УДЧП и правото на социјален и меѓународен ред во кој правата од УД ќе се реализират од чл.28 од УДЧП, правото на почитување на принципот на еднакви права и самоопределување на луѓето од чл. 1, ст.2 од Повелбата на ОН, правото на суверена еднаквост на сите членки на ОН од чл. 2 ст.1т.1 од Повелбата на ОН, сите членки мора да се воздржуват во меѓународните односи од употреба на закани или употреба на сила за политичката независност на секоја земја од чл.2 ст.1 т.4 од Повелбата на ОН, право на немешање во домашната јурисдикција од ОН или членка на истата согласно чл. 2 ст.1 т.7 од Повелбата на ОН, еднакви услови за прием предвидени во Повелбата и пресудите на ОН од чл.4 ст.1 од Повелбата на ОН, принципот на еднакви права и самоопределување на луѓето, почитување и заштита на човековите права без дискриминација од чл. 55 ст.1 ц. од Повелбата на ОН, правото на забрана на понижувачко постапување од чл.3 од ЕКЧП, забрана за дискриминација од чл.14 од ЕКЧП, правото на образование од чл.2 од Протокол 1 од ЕКЧП, ништавност на договор склучен спротивно на задолжителна норма на општо меѓународно право (јус когенс) и под принуда од чл.53,52 и 64 од Виенската конвенција за договорно право, намерно наметнување на животни услови на групата, кои се преметани да ја уништат целосно или делумно групата, односно геноцид-културен геноцид, или обид за геноцид, согласно чл.2 ст.1 ц. од Конвенцијата за превенција и санкционирање на геноцидот на ОН, Декларација за правата на домородните луѓе на ОН, Конвенцијата за правата на детето, Меѓународната конвенција за сите форми на расна дискриминација.
2. Слобода на уверување, совест, мисла и јавно изразување на мислата, од чл.110 ст.1 алинеја 3 од Уставот чија основа се следниве меѓународно гарантирани права и слободи:
– правото на слобода на мислата совеста и убедувањето или самостојно или во заедница со други и правото на манифестирање на своите убедувања во учење и пракса од чл.18 од УДЧП, правото на слобода на мислата, правото на задржување на мислење без мешање и да се бара, прима и соопштува информации и идеи низ медиуми без разлика на границите од чл.19 од УДЧП, право на учество во културниот живот во заедницата од чл.27 од УДЧП, правото на почитување на приватниот живот од чл.8 од ЕКЧП, чл.9 слобода на уверување и совест од чл. 9 од ЕКЧП, слобода на изразување од чл.10 од ЕКЧП, намерно наметнување на животни услови на групата, кои се создадени да ја уништат целосно или делумно групата, односно геноцид-културен геноцид, или обид за геноцид, согласно чл.2 ст.1 ц. од Конвенцијата за превенција и санкционирање на геноцидот на ОН, Конвенцијата за правата на домородните луѓе на ОН, Конвенцијата за правата на детето.
Начин на сторување на повредите:
Склучениот акт Спогодба со КОНТИНУИРАНО ТРАЈНО ДЕЈСТВО и дејствата на нејзино имплементирање преку формирање на административниот Заеднички комитет, дејствата на покренување и водење на постапка за измена на Уставот во Собранието согласно овој акт, се дејствија на повреда на моите лични права и слободи и тоа на следниов начин:
1. Спогодбата во делот на Преамбулата, е склучена од страна на Министерот на Р. Македонија, без име на мојата земја, односно со навредлива описна формулација („Втората страна“), а за граѓаните на другата страна не е применет истиот критериум, односно истите се претставени со името на нивната земја, Хеленска Република.
Ова е директна повреда на моето право на еднаквост како државјанин на мојата земја, односно забрана за дискриминација и почитување на моето достоинство и углед како државјанин на Р. Македонија. Покрај чл. 110 ст.1 алинеја 3 од Уставот, повредени се и: чл.1, 2, 7 и 28 од Универзалната декларација за човековите права, правото на еднаквост во достоинството и правата од чл.1 ст.2 од Повелбата на ОН, правото на суверена еднаквост на сите членки на ОН од чл.2 ст.1т.1 од Повелбата на ОН, сите членки мора да се воздржуват во меѓународните односи од употреба на закани или употреба на сила за политичката независност на секоја земја од чл.2 ст.1 т.4 од Повелбата на ОН, право на немешање во домашната јурисдикција од ОН или членка на истата согласно чл.2 ст.1 т.7 од Повелбата на ОН, принципот на еднакви права и самоопределување на луѓето, почитување и заштита на човековите права без дискриминација од чл.55 ст.1 ц. од Повелбата на ОН, правото на забрана на понижувачко постапување од чл.3 од ЕКЧП, забрана за дискриминација од чл.14 од ЕКЧП, потпишан е ништовен договор склучен спротивно на задолжителна норма на општото меѓународно право (ius cogens) и со повреда на чл. 46, чл. 48, чл. 49, чл. 52, чл. 53 и чл. 64 од Виенската конвенција за договорно право.
Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на Стратешко партнерство меѓу страните е во спротивност со чл. 2, чл. 8, став 1, алинеи 1, 3, и 11, чл. 25, чл.48, чл. 50, чл. 51, и чл. 52 од Уставот на РМ, како и е во спротивност со чл. 9-а, чл. 11, чл.16, чл.17, чл. 39, чл.41, чл. 43, чл. 44 од Законот за облигационите односи на Република Македонија.
Конечната спогодба е во директна спротивност со принципите и целите на Повелбата на ООН, посебно со член 2, став 1, односно со принципот на суверена еднаквост на сите свои држави и правната еднаквост на државите членки на ООН: „Организацијата е заснована врз начелото на суверената еднаквост меѓу сите членки. (ПРАВНА ЕДНАКВОСТ! Каде е Македонската сувереност во договорот?).
Член 2, став 4: „Во меѓународните односи, сите земји членки се воздржуваат од закани со сила или користење на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава, или на кој било начин кој не е усогласен со целите на Обединетите нации. (ПОЛИТИЧКА НЕЗАВИСНОСТ, каде е Македонската политичка независност?).
Член 2, став 7: „Ништо во оваа Повелба не ги овластува Обединетите нации да интервенираат во прашања од внатрешните работи на некоја земја ниту пак бара од членките да ги изнесуваат овие прашања на решавање врз основа на Повелбата; но ова начело нема да влијае врз примената на принудни мерки според Поглавје 7.
(ЗАШТИТА НА СТРОГАТА ВНАТРЕШНА ЈУРИСДИКЦИЈА НА ДРЖАВИТЕ).
Конечната спогодба не ја заштитува правната еднаквост на Република Македонија како суверена држава и како држава која има еднаков статус со Хеленската Република согласно Повелбата на ООН. Со спогодбата се крши 1. Забраната за мешање на една членка или Организација во строгата внатрешна јурисдикција на која било држава. Со спогодбата, на „Втората страна“ како што е наречена Република Македонија и се наложуваат од „Првата страна“, односно од Хеленската Република, обврски што се дел од строгата внатрешна јурисдикција на Република Македонија, со што Грција флагрантно го повредува суверенитетот на Република Македонија и внатрешниот уставно-правен поредок на Република Македонија.
Конечната спогодба излегува од рамката на Резолуцијата бр. 845 (1993) која што по повикувањето на Резолуцијата бр. 817 (1993) ги охрабрува Грција и Бившата Југословенска Република Македонија на соработка со ко-претседавачите на Надзорниот комитет на Меѓународната конференција за поранешна Југославија со цел да дојдат до брзо решавање на разликата за името. Имено, оваа Спогодба е „договор за решавање на „разликите“, а разликата и преговорите за името во Конечната спогодба се трансформирани во „разлики и преговори за македонскиот идентитет, историјата, македонскиот јазик, културата, образованието, политичкиот и административниот систем во земјата, Уставот на Република Македонија, слободите и правата на човекот и на граѓаните во Македонија.
Со Конечната спогодба се наметна потреба од итни уставни измени со цел промена на уставното име “Република Македонија“, кое никаде не е споменато во Спогодбата, со ново име на државата „Република Северна Македонија“ и со придавки изведени од новото име.
Со Конечната спогодба пропишани се и начинот, времето и надзорот над имплементацијата на сите решенија во правниот и политичкиот систем на „Втората страна“, од Првата, односно од Хеленската република. Овие процеси претставуваат директно грчко мешање во внатрешните работи на Република Македонија како суверена и самостојна држава, формирана врз правото на самоопределување на македонскиот народ согласно одлуките донесени на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.
Иако од насловот на Конечната спогодба се утврдува престанок на важноста на Привремената спогодба од 1995, во ниту еден член на Спогодбата не е спомената пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг донесена во 2011 година за прекршување на член 11 од страна на Република Грција со блокирањето на добивањето покана за членство на „Бившата Југословенска Република Македонија“ во НАТО, на самитот во Букурешт од 2008 година.
Оспорената Конечна спогодба е во спротивност со член 1 од Привремената спогодба од 1995, во која, „Првата страна“ ја признава „Втората страна“ како независна и суверена држава, како и со член 3 со кој “секоја страна се обврзува да ги почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата страна“.
Конечната спогодба недвосмислено и јасно не ги почитува суверенитетот и политичката независност на Република Македонија со што директно го повредува универзалното начело на “еднаквост на сите членки“ загарантирано во Повелбата на ООН и го дерогира правниот субјективитет на Република Македонија. Исто така, Конечната спогодба го повредува и принципот на недискриминација во претставувањето и членството на државите во ООН.
Конечната спогодба е склучена надвор од постапката уредена со Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори (“Сл. весник на Р Македонија” бр. 5/98 од 30.01.1998), надвор од утврдените правила во Уставот, но и спротивно на правилата содржани во Виенската конвенција за договорно право. Министерот за надворешни работи на РМ, г-динот Никола Димитров го заобиколил претседателот на Републиката, г-динот Иванов, кој согласно Уставот и законот е единствен надлежен орган да стави потпис на ваков вид договори. Прикачувањето на вториот дел од договорот кон Конечната спогодба за уредување на прашања што никогаш не биле спорни меѓу двете земји, како што се, засилена економска соработка, размена на искуства во земјоделството, спортот, туризмот итн., не го менува правниот факт дека министерот за надворешни работи на РМ презел обврски надвор од своите уставни и законски овластувања.
Едновремено, начинот на договарање и склучување на Конечната спогодба целосно го игнорира законски утврдениот формат на водење преговори со национални посредници назначени од претседателите на двете земји. Спогодбата во име на „Хеленската република“ ја потпишал грчкиот министер за надворешни работи, г-дин Коѕијас, а во име на втората страна (која во Спогодбата е безимена страна), министерот за надворешни работи, г-дин Димитров, со што двојно е прекршен член 119, став 1 од Уставот на Република Македонија. Според овој член “меѓународните договори ги склучува претседателот на Република Македонија, во името на Република Македонија“. Претседателот на Република Македонија, вклучително и грчкиот претседател е прв субјект во меѓународните односи, а тој беше целосно запоставен во преговарачкиот процес со што е прекршен Уставот на РМ.
Во член 119, став 2 од Уставот на Република Македонија се вели дека „меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Македонија, кога е тоа определено со закон“, како втор субјект во меѓународните односи.
Во член 2, став 3 од Законот за склучување, ратификација и спроведување на меѓународните договори се наброени областите во кои владата може да склучува договори, но во нив не само што го нема, туку не може ни имплицитно да се вклучи прашањето за името.
Токму од оваа причина ценам дека станува збор за ultra vires чин со кој потписникот, Никола Димитров, излегол надвор од своите надлежности, односно ги пречекорил уставните и законски овластувања. Едновремено, да потсетам дека никаде во Уставот нема ниту збор за надлежен орган или постапка за промена на нашето име што значи дека ниту Владата, ниту Собранието на РМ немаат овластување, ниту надлежност да менуваат име на државата. Името на државата не може да биде предмет на промена, бидејќи тоа е неразделен елемент од националниот и државен идентитет.
Со Конечната спогодба практично ни се наметна ново национално и државно име, односно ни се забрани да имаме национално/државно име по сопствен избор и свој национален и личен идентитет каков што самите го чувствуваме и одлучуваме за него што е спротивно на сите акти од меѓународното право и е спротивно на сите меѓународни и европски документи за човековите права.
Со Конечната спогодба директно е повредено моето лично право на национален и личен идентитет да ја самоопределам мојата етничка/национална група во која сакам да припаѓам, моето лично право да имам свој етнички/национален идентитет, повредено е моето право на лично и национално достоинство, личен и национален интегритет и чест како апсолутни, неоттуѓиви права кои не смеат да бидат ограничени од никого, а најмалку од страна на властите на две држави.
Името на државата е ПРАВО на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ на граѓаните на соодветната земја, односно мое лично право (чл.1 ст.2 од Повелбата на ОН), право на суверена еднаквост на сите членки на ОН (чл.2 ст.1т.1 од Повелбата), сите членки мора да се воздржуват во меѓународните односи од употреба на закани или употреба на сила за политичката независност на секоја земја (чл.2 ст.1 т.4 од Повелбата), право на немешање во домашната јурисдикција од ОН или членка на истата (чл.2 ст.1 т.7 од Повелбата), принципот на еднакви права и самоопределување на луѓето, почитување и заштита на човековите права без дискриминација (чл.55 ст.1 ц. од Повелбата), а со тоа и повреда на: чл.1, 2, 7 и 28 од УДЧП, односно ИМЕТО на ЗЕМЈАТА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ОБЛИГАТОРНА ОБВРСКА која се утврдува со Спогодба со странска земја, наметната по преговори под уцена за прием во НАТО и ЕУ.
Двата РЕФЕРЕНДУМА во РМ, оној за независност од 08.09.1991 и од 30.09.2018, се изгласани “за СУВЕРЕНА и САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, а НЕ за зависна земја со име определено со наметната Спогодба од странска земја, Грција, по преговори водени со уцена за прием во НАТО и ЕУ, спротивно на Повелбата на ОН, УДЧП и Виенската декларација за договорно право.
Ова дејство преставува и намерно наметнување на животни услови на граѓаните, на групата кои имаат за цел да ги уништат моите лични права, целосно или делумно правата на мојата група, односно да се изврши геноцид-културен геноцид, или обид за геноцид, спротивно на чл.2 ст.1 ц. од Конвенцијата за превенција и санкционирање на геноцидот на ОН, Конвенцијата за правата на домородните луѓе на ОН (чл.1-6, право на самоопределување, на културен идентитет, слободна согласност и забрана за дискриминација).
Како подносител на ова барање за заштита на моите лични права укажувам дека не може властите на Грција да ме обврзуваат, а со тоа и да ме дискриминират со наметнувањето обврска во мојот ЛИЧЕН ИЗВОД НА РОДЕНИ да бидам запишана дека “сум се родила во земја, која никогаш не постоела, РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА”. Истото се однесува и на другите лични документи кои имам обврска да ги променам спротивно на моето лично чувство на припаѓање во државата Република Македонија.
“Името на мојата држава е Р. Македонија и неговата употреба не претставува иредентизам кон Грција” како што е утврдено во пресудата на Меѓународниот суд за правдата Хаг во пресудата на Р. Македонија спрема Грција.
2. Во чл.1 ст.3 б од Спогодбата, е наведено:
“Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи”.
Станува збор за иста претходно наведена повреда на правото да се забрани дискриминација во однос на граѓаните на Грција и почитување на моето право на самоопределување и достоинство, како државјанин на Р. Македонија.
НАЦИОНАЛНОСТА (англиската оригинална и службена верзија)-државјанството (Македонска владина верзија), е исто ПРАВО на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, а НЕ ОБЛИГАТОРНА ДИСКРИМИНАТОРСКА ОБВРСКА што може да биде наметната од властите на соседна или која било друга држава.
Дали некој ќе биде по „националност”, “ГРАЃАНИН на СЕВЕРНА”, СЕЛАНЕЦ НА ЈУЖНА или МАРСОВЕЦ, е ПРИВАТНО ПРАВО на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ на истиот и НЕ МОЖЕ ДА МУ ГО ДИСКРИМИНИРАТ ТОА ПРАВО ГРАЃАНИТЕ НА ГРЦИЈА, преку нивната Влада со преговори водени под присила и уцена за прием во НАТО и ЕУ.
Не може мене лично, властите на Грција да ме обврзат дали во ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ/ИЗВОДИ НА РОДЕНИ, ВЕНЧАНИ и слично треба да бидам запишана спротивно на одлуката на двата референдума како “/ ГРАЃАНИН на РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА..”
3. Во чл.1 ст.3 в од Спогодбата е наведена административна облигациона обврска, “кој да биде и како да се вика мојот мајчин јазик”, во чл.7. ст.4 е наведено облигационо административно ограничување на потеклото на јазикот:
“Спаѓа во групата на јужнословенски јазици. Двете Страни изјавуваат дека официјалниот јазик и останатите одлики на Втората страна не се поврзани со античката Хеленска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на Првата страна”.
Во чл. 8 ст.4 во однос на употребата на официјалните географски имиња и топоними на другата страна, се дава приоритет на користење на ендоними, наместо егзоними.
Со овој дел е повредено моето право на еднаквост, забраната на дискриминација, моето право на самоопределување и заштита од културниот геноцид, затоа што за разлика од грчките граѓани кои сами си го определуват својот јазик, мојот мајчин јазик што треба да биде предмет на заштита се определува со административна облигациона обврска од Влада на странска земја.
Правото на мајчин јазик е мое лично право преку кое го остварувам и правото на самоопределување како дел од мојот личен ИДЕНТИТЕТ и право на достоинство.
Со одредувањето на групацијата на јазикот од страна на странска ВЛАДА директно се повредува мојот личен идентитет оформен согласно правото на самоопределување. Ова ОГРАНИЧУВАЊЕ Е ВО РАМКИ на странско административно мешање во личните права на Македонците без разлика дали живеат во Македонија или надвор од неа.
Дали македонскиот јазик бил Словенски или има други примеси, дали се зборувал и пред 6 ти век на оваа територија или не, е прашање на науката, а не на странска Влада, да го ограничува и да го става во АДМИНИСТРАТИВНА РАМКА мојот мајчин јазик.
Ограничувањето на македонскиот јазик и карактеристиките на Македонците само на нивната административна територија што се протега во рамките на државата претставува културен геноцид, затоа што не може една административна Влада да одредува кој јазик и која одлика каде ќе се простира во цивилизациска, историска, културна смисла и каде има такво наследство, затоа што тоа е работа на историјата како наука и на непреченото остварување на правото на самоопределување на луѓето.
Ако овие прашања административно се ограничуваат, тогаш станува збор за ДИСКРИМИНАЦИЈА и секако за КУЛТУРЕН ГЕНОЦИД.
Доказ: согласно Извештаите на независниот експерт за малцински прашања при Советот за човекови права на ОН Гај МекДугал, утврдено е дека на територијата на Грција постои малцинство кое се декларира како Македонци и кое го зборува Македонскиот јазик, истиот кој го говорам јас. Исто така, постојат пресуди на ЕСЧП во Стразбур за Македонското малцинство во Грција.
Со употребата на географските топоними во Грција директно се интервенира во името на мојот мајчин јазик, затоа што топонимите во Грција се сменети по 1912 година, кога прв пат оваа држава го презеде северниот дел од Турција, па така со ова нема да можам да го користат топонимот на својот јазик за Солун, Вардар и слични (кои постојат во сите народни творештва, приказни, песни), додека Србите, Бугарите ќе можат да ги користат истите топоними кои се исти и во нивниот јазик, што е дискриминаторски и претставува ПОВРЕДА НА МОЈАТА СЛОБОДА НА ГОВОР и МИСЛА (чл.18,19 и 27 од УДЧП).
4. Поединечниот акт Спогодба, во делот на чл.1 ст.3 ѓ. и ѓ., а во врска со чл.7 ст.3,4,2 и 1, “забранува секаква употреба на името Македонија и придавката Македонски, покрај на службените органи и јавните институции, туку и на приватните ентитети и актери, на кој им се ускратува правото на финансиска поддршка за активности надвор од државата и само АКО НЕ СЕ ДЕНАЦИОНАЛИЗИРААТ, односно ако се ОТКАЖАТ од нивната цивилизација, историја, култура и наследство, која како Хеленска и припаѓа само на Грција (да не зборуваме дека историското наследство му припаѓа на светот).
Ова е дискриминација кон мене, но и кон моите сограѓани, кои практично доживуваат културен геноцид од грчките власти, затоа што правото на името и придавката на Македонската нација е право на мое САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ и мое ИДЕНТИТЕТСКО ПРАВО кое не може со облигационен декрет на две Влади да се ЗАБРАНИ, бидејќи станува збор за лични права кои ми припаѓаат мене, но и на сите други граѓани Македонци, па дури и на правните лица- јавните институции формирани во државата.
Јас имам лично и неприкосновено право да се нарекувам како сакам и да имам култура каква сакам. Моите деца не сакам да учат историја напишана од Владата во Атина или во Софија, туку од историја што е напишана од научници историчари кои преку оценка на објективните факти ќе излезат со вистината. Јас, ниту моите деца не сум должна да прифатам геноцидно ограничување од некоја туѓа Влада посебно кога станува збор за цивилизацијата, историјата и културата.
Просто е невозможно да прифатам дека во Р. Македонија може да има Албански национален театар, Турски народен театар, АЛ – САТ(Албанска сателитска) телевизија (не западно Албански театар, не источно Турски театар или не Западна АЛ САТ телевизија), а да нема, односно, да се укине и забрани моето право да имам Македонски Национален Театар, Македонска Опера и балет, да гледам Македонска Радио и Телевизија.
Не може да ми се укине правото на заштита да членувам и да имам активности со Македонски културно уметнички друштва кои имаат настапи во странство, финансирани од владини проекти за култура и сл.
Намерното наметнување на моите животни услови, како и оние на мојата група, а воведени во интерес на целосно или делумно уништување на групата преставува геноцид-културен геноцид, или обид за геноцид, согласно чл.2 ст.1 ц. од Конвенцијата за превенција и санкционирање на геноцидот на ОН и преставува повреда на право на самоопределување, на културен идентитет, слободна согласност и забрана за дискриминација од чл.1-6 од Декларацијата за правата на домородните луѓе на ОН.
5. Поединечниот акт Спогодба, во делот на чл.1 ст.6 а. и б, ја обврзува Р. Македонија, самата да бара од сите меѓународни организации и држави, кои досега ја признаа под уставното име (над 130 држави во светот), да ја ословуваат под нејзиното наметнато име поради уцените за прием во НАТО и ЕУ од странска држава Грција, со што се повредува моето лично право на недискриминација и достоинство, а во врската со правото на самоопределување.
– Поединечниот акт Спогодба, во делот на чл.1 ст.9 и ст.3д, ја обврзува Р. Македонија, како и нејзините граѓани самите да извршат промени во личните документи како што се изводи од раѓање, изводи од умрени на блиски лица, лични карти, пасоши, регистарски таблички и др., да ги променат под новото наметнато име поради уцените за прием во НАТО и ЕУ од странска држава Грција, со што се повредува моето право на недискриминација и достоинство како носител и сопственик на тие документи, а во врската со праото на самоопределување, односно културен геноцид.
– Поединечниот акт Спогодба, во чл.8 ст.1,2 и 3, “забрануват употреба на симболите што Грција ги смета за нејзино историско и културно наследство, симболот што порано стоел на нејзиното државно знаме и и наметнува на Р. Македонија, обврска да го уреди статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија од античката елинска историја и цивилизација, како Грчко историското или културното наследство”, што преставува КУЛТУРЕН ГЕНОЦИД и НАМЕТНАТА СТРАНСКА ЦЕНЗУРА НА МОЈАТА СЛОБОДА НА МИСЛА и ГОВОР од чл.110 ст.1 алинеја 3 од Уставот на РМ, затоа што историјата, културата и традицијата на оваа територија пред 6ти век, НЕ може да ми биде ОДЗЕМЕНА, затоа ова е земја на која живеам јас, во која живееле моите претци, земја на Хераклеа, Стоби, Баргала. Јас имам и право, но и обврска да се грижам за своето културно наследство, а да не одам премногу назад и да наведам дека Грција за прв пат како национална држава е формирана во 19 век поради што античкото културно наследство се смета за наследство на светот, а не ексклузивно и само на Грција.
Одземањето на ова мое право на културно наследство на својата земја и ПРЕКРСТУВАЊЕ на спомениците и јавните згради по желба на странска административна држава, е ЦЕНЗУРА, КУЛТУРЕН ГЕНОЦИД и административно кроење на историјата на мојата земја, односно намерно наметнување на животни услови на Македонците.
Симболот од поранешното знаме на Р. Македонија, шеснаесеткракото сонце е симбол кој стои по црквите, спомениците, археолошките наоѓалишта во РМ. Одземањето на правото на користење на ова знаме претставува ЦЕНЗУРА и КУЛТУРЕН ГЕНОЦИД, при што не се објаснува зошто се ограничува само правото на Македонците да го користат овој симбол, а не се одзема како право на користење на граѓаните на Египет, Сирија и на други земји се до Индија. И во овие држави, овој симбол се смета за дел од историското наследство истоветно како и на Македонски народ, односно на моето културно наследство.
7. Поединечниот акт Спогодба, во чл.8 ст.5, “обврзува формирање на АДМИНИСТРАТИВЕН Заеднички Комитет за историски, археолошки и образовни прашања за објективно научно толкување на историски настани, кое ќе врши ревизија на учебници, помошни материјали, карти, историски атласи, наставни упатства, за да не содржат иредентистички ревизионистички упатувања, ќе поднесува годишни извештаи и препораки, кои треба да ги одобрува меѓувладиниот Советот за соработка на високо ниво, а работата ќе ја надгледува и Министерствата за надворешни работи на двете Влади од кој едната странска”.
Самото постоење на ова административно тело претставува ЦЕНЗУРА на СЛОБОДАТА на мојот ГОВОР, како и КУЛТУРЕН ГЕНОЦИД НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА кој ќе се случува при наметнатата промена на учебниците на моите деца од страна на странска влада под супервизија на грчкото Министерство за надворешни работи. Странски државни органи ќе подготвуваат годишни извештаи и препораки, и истите ќе треба да бидат ОДОБРЕНИ од политички административен странски владин Совет. За претседател од Македонска страна е избран политичар (не експерт), поранешен амбасадор во Атина.
Имајќи предвид дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг е правосилна и е во полза на Р. Македонија посебно во делот дека “употребата на името Република Македонија не претставува иредентизам према Грција” (да и не збориме, дека ако велат дека има иредентизам, со тоа признават постоење на Македонско малцинство со свои човекови права), сакам да констатирам дека позначаен материјален доказ дека иредентизам од Македонска страна нема ниту може да се најде. Оттука, целите на Спогодбата паѓаат во вода, бидејќи основот за нејзиното склучување бил токму “спречување на иредентизмот” што е неоснован и уште поголема причина за воведување на ЦЕНЗУРА И НАСИЛНА ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА и УЧЕБНИЦИ што треба да ги учат нашите деца.
Втората цел, за “спречување ревизионизам” е сама по себе повреда на моето право на СЛОБОДА НА ГОВОР и КУЛТУРЕН ГЕНОЦИД врз моите деца, бидејќи според Македонскиот речник, “ревизионизам е обид да се ревидира важечка политичка ДОГМА”, а догма е религиозен поим, замрзнат став-фашизам, а не наука. Во науката СЕ Е ПОДЛОЖНО НА РЕВИЗИОНИЗАМ ако се има аргументи и историската наука е подложна на промени, како и секоја друга наука.
Поврзаноста на овој ст.5 со претходните 1, 2 и 3 од истиот чл.8, како и чл.7, за административно бришење на историјата пред 6-ти век, за преправање и цензура на спомениците во Македонската држава и исклучивото културното наследство на антиката, е класичен доказ за повреда на моето право на СЛОБОДА на ГОВОР и МИСЛА(чл.18,19 и 27 од УДЧП) и за класичен КУЛТУРЕН ГЕНОЦИД врз мене и моите деца, нивните учебници, перење на нивниот мозок, односно намерно наметнување на животни услови на групата кои имаат за цел да ја уништат целосно или делумно групата, што преставува геноцид, или обид за геноцид, согласно чл.2 ст.1 ц. од Конвенцијата за превенција и санкционирање на геноцидот на ОН и преставува повреда на право на самоопределување, на културен идентитет, слободна согласност и забрана за дискриминација од чл.1-6 од Конвенцијата за правата на домородните луѓе на ОН, како повреда на Конвенцијата за заштита на детето, на која фиктивно, контрадикторно и цинично се повикува во чл.5 на оваа Спогодба.
Со административно менување на делови од учебниците изготвени од историчари и писатели се кршат и авторските права на авторите на учебниците од чл.27 ст.2 од УДЧП.
8. Поединечниот акт Спогодба, во чл.4 ст.3, и се забранува на Р. Македонија да ги моите права и правата на лицата кои не се нејзини граѓани, иако е спротивно на меѓународното право во кое стои обврска на државата да ја заштитува секоја жртва на повреда на човекови права, бидејќи човековите права се универзални.
. -чл.6, ст.1, на органи под индиректна контрола на државата им се забранува пропаганда за ревизионизам, во чл.6 ст.2, спречува дејства на приватни ентитети кои веројатно ќе поттикнат омраза, непријателство кон другиот/е, чл.6 ст.3 да спречува пропаганда на приватни ентитети кои веројатно ќе поттикнат, непријателство, ревизионизам.
Со овие обврски се повредува моето право на СЛОБОДА НА ГОВОР и МИСЛА од чл.110 од Уставот (чл.18,19 и 27 од УДЧП), бидејќи како што претходно објаснив, ревизионизамот е слобода на проучување на промените на одредена заостаната, закоравена најчесто РЕЛИГИСКА ДОГМА.
9. Поединечниот акт Спогодба, во чл.20, т.9, предвидува неотповикливост на Спогодбата. Оваа неотповикливост е основа за ништовност на договорот, бидејќи истиот е склучен спротивно на задолжителната норма на општото меѓународно право (ius cogens) и под принуда спротивно на чл.53, 52 и 64 од Виенската конвенција за договорно право.
– Поединечниот акт Спогодбата е склучена од министерот за надворешни работи на Р. Македонија, што е спротивно на чл.119 ст.1 од Уставот.
– Дејствата на согласноста од Р. Македонија да биде примена под дополнителни услови надвор од чл.4, чл.2 и чл.1 од Повелбата на ОН, под референца Бивша Југословенска Република Македонија и да се обврзе да води преговори за своето име со странска држава, е повреда на забраната од дискриминација во однос на други граѓани, или членките на ОН и почитување на моето достоинство како граѓанка на Р. Македонија, односно покрај чл.110 ст.1 алинеја 3 од Уставот, повредени се и: чл.1, 2, 7 и 28 од Универзалната декларација за човековите права, правото на еднаквост во достоинството и правата од чл.1 ст.2 од Повелбата на ОН, правото на суверена еднаквост на сите членки на ОН од чл.2 ст.1т.1 од Повелбата на ОН, сите членки мора да се воздржуват во меѓународните односи од употреба на закани или употреба на сила за политичката независност на секоја земја од чл.2 ст.1 т.4 од Повелбата на ОН, право на немешање во домашната јурисдикција од ОН или членка на истата согласно чл.2 ст.1 т.7 од Повелбата на ОН, еднакви услови за прием предвидени во Повелбата и пресудите на ОН од чл.4 ст.1 од Повелбата на ОН, принципот на еднакви права и самоопределување на луѓето, почитување и заштита на човековите права без дискриминација од чл.55 ст.1 ц. од Повелбата на ОН, правото на забрана на понижувачко постапување од чл.3 од ЕКЧП, забрана за дискриминација од чл.14 од ЕКЧП, потпишан е ништавен договор склучен спротивно на задолжителна норма на општо меѓународно право и под принуда од чл.53,52 и 64 од Виенската конвенција за договорно право, намерно наметнување на животни услови на групата, кои имаат за цел да ја уништат целосно или делумно групата, односно геноцид-културен геноцид, или обид за геноцид, согласно чл.2 ст.1 ц. од Конвенцијата за превенција и санкционирање на геноцидот на ОН, Конвенцијата за правата на домородните луѓе на ОН, Конвенцијата за правата на детето, Меѓународната конвенција за сите форми на расна дискриминација.
– Тековно дејство на непреземање на заштита на моите слободи и права од страна на државата преку откажување од поставување на прашањето за легалност на дополнителните услови наметнати на РМ при приемот, но и при утврдувањето на правниот статус на Р. Македонија во ОН (советодавно мислење од 28.05.1948 на Меѓународниот суд за правдата Хаг усвоено од Генералното Собрание (ГА Рес.197/ИИИ (1948)), односно откажување од дејствата на известување за враќање на уставното име во ОН и барање на советодавно мислење од Меѓународниот суд за правдата Хаг во врска со приемот на РМ во ООН, под дополнителни услови и притисок од странска земја.
Целата оваа состојба претставува повреда на забраната на дискриминација која се врши врз мене и врз сите Македонци од страна на друга земја-членка на ОН, како и повреда на моето достоинството како Македонка. Со ова дејствие, покрај чл.110 ст.1 алинеја 3 од Уставот, ми се повредени и: чл. 1, 2, 7 и 28 од Универзалната декларација за човековите права, правото на еднаквост во достоинството и правата од чл.1 ст.2 од Повелбата на ОН, правото на суверена еднаквост на сите членки на ОН од чл.2 ст.1т.1 од Повелбата на ОН, сите членки мора да се воздржуват во меѓународните односи од употреба на закани или употреба на сила за политичката независност на секоја земја од чл.2 ст.1 т.4 од Повелбата на ОН, право на немешање во домашната јурисдикција од ОН или членка на истата согласно чл.2 ст.1 т.7 од Повелбата на ОН, еднакви услови за прием предвидени во Повелбата и пресудите на ОН од чл.4 ст.1 од Повелбата на ОН, принципот на еднакви права и самоопределување на луѓето, почитување и заштита на човековите права без дискриминација од чл.55 ст.1 ц. од Повелбата на ОН, правото на забрана на понижувачко постапување од чл.3 од ЕКЧП, забрана за дискриминација од чл.14 од ЕКЧП, потпишан е ништавен договор склучен спротивно на задолжителна норма на општо меѓународно право и под принуда од чл.53,52 и 64 од Виенската конвенција за договорно право, намерно наметнување на животни услови на групата, кои се преметани да ја уништат целосно или делумно групата, односно геноцид-културен геноцид, или обид за геноцид, согласно чл.2 ст.1 ц. од Конвенцијата за превенција и санкционирање на геноцидот на ОН, Конвенцијата за правата на домородните луѓе на ОН, Конвенцијата за правата на детето, Меѓународната конвенција за сите форми на расна дискриминација.
Врз основа на сето наведено, барањето на заштитата на моите лични слободи и права е потполно основано и како такво предлагам да биде усвоено во целост при што Судот би ја утврдил повредата на сите претходно набројани слободи и права, би предложил поништување на актот (Спогодбата) и би ги забранил горенаведени дејства со кои е сторена повредата на моите права и слободи.
БАРАЊЕ ЗА ВРЕМЕНА МЕРКА
Со оглед дека постои опасност од ненадоместлива штета по моите права и слободи со континуираното вршење на сите погоре наведени дејствија, а врз основа на чл. 57 од Деловникот на работата на Уставниот суд, предлагам Уставниот суд да го донесе следново:
РЕШЕНИЕ
за определување на ВРЕМЕНА МЕРКА
– Се ЗАПИРА од извршување поединечниот акт: “Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу странитесклучена во Преспа (Нивици) Грција на 17.06.2018 помеѓу Првата страна, Грција (“Првата страна”) и Втората страна, која беше примена во Обединетите нации согласно резолуцијата 47/225 од 8 април 1993 г. на Генералното собрание на Обединетите нации („Втората страна”) и дејството на промена на Уставот на РМ, согласно обврските наведени и преземени во истиот акт, до конечната одлука на судот во оваа постапка.
Барател:
Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Долгогодишен административен проблем е причина за доцнењето од неколку денови на платите за вработените во Министерството за култура и туризам
Судија на фудбалски натпревар во село Зрновци бил физички нападнат од струмичанец
Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар: Загинале 3 а повредени се 8 лица