Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Стефан Андоновски неколку денови присуствуваат на меѓународна конференција за поврзување и зближување на партиите во големото европско семејство на Европски народни партии (ЕПП).
Конференцијата се одржува во Тирана, Албанија а Муцунски имаше свое обраќање во рамки на денешната работилница поврзана со евроинтеграциите на Република Македонија како и останатите земји од регионот.
Во продолжение го пренесуваме соопштението до јавноста упатено од Тимчо Муцунски:
Овие неколку дена со Stefan Andonovski присуствуваме на Мултилатералниот дијалог за поврзување на партиите од Европската народна партија (ЕПП) од Балканот, кој се одржува во Тирана, Република Албанија.
Во рамки на денешната работилница, се обратив на тема „Желбата за пристапување кон Европската Унија наспроти можностите“.
Истакнав дека ЕУ е движечка сила за напредок, но ние не можеме да очекуваме дека надворешни фактори ќе влијаат во решавањето на домашните проблем. Наша работа не е да се жалиме на новата методологија, туку да станеме подобри кандидати атрактивни за пристапување кон ЕУ. Тоа не се прави со судско-политички скандали како „Рекет“, кои ја еродираат и основната доверба на граѓаните кон системот на државата

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!