Во 1998 година Васил Тупурковски ветуваше 1 милијарда долари за развој на Македонија. Подоцна се воспостави дека оваа милијарда долари ќе биде инвестирана од страна на Тајван во Македонија ако Македонија го признае Тајван како независна држава. Македонија го призна Тајван, притоа ги наруши своите односи со Кина за што во Советот за безбедност не бише продолжена мисијата на КФОР, по што упаднаа УЧК-ите во Македонија од Косово….
Милијардата долари тогаш ниту ја видовме ниту беше инвестирано нешто во Македонија….
Сега Јован Десподовски заедно со премиерот Димитар Ковачевски ветуваат инвестиција од половина милијарда долари во ТИРЗ во Скопје и ТИРЗ во Штип….
Многумина шегобијци на социјалните мрежи на свој автентичен саркастичен начин се подбиваат со ваквите ветувања на Деспотовски и Ковачевски.
Останува да видиме дали ке се реализира нешто од ова ветување во наредниот период… и која е цената за ваквата инвестиција која Македонија треба да ја плати


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наезда на употребени кондоми и влажни марами ја сардиса општина Делчево речиси на сите скришни патишта за пристап кон градот и селата
Изненадување или вчудоневиденост: Делчево и пијанечкиот регион под снежна прекривка
Вчера си го удрив палецот од ногата во ивичњак на улица. Барам од владата….