Денеска претпладне Делчево и Пијанечкиот крај беше зафатен со силни интензивни снежни врнежи, кои што многумина ги остави изненадени или вчудоневидени.
Луѓето кои поради презафатеност се уште ги немаа сменето зимските гуми, се смешкаа на оние кои тоа веќе го имаа направено, велејки дека знаеле (по некаква чудна видовитост) дека се уште ќе има потреба од зимски гуми.
За земјоделците кои што во Пијанекиот крај и покрај се ги има повеќе, овие врнежи на снег и дожд се добредојдени за оние кои имаат посеано житни култури.
По се изгледа повторно доаѓа до израз онаа народната дека “Баба Марта има 100 умови и не знае човек кој ум да и’ го фати” што во длабоката традиција на народот од ова поднебје значи дека временските прилики во Пијанецот никогаш не можат да се предвидат за време на траењето на месец март.
Сепак влажното време и пропратниот дожд успеа да го стопи снегот кој ги побеле планините и долините од двете страни на реката Брегалница.
Фото Извор: Blagojco Petrovski


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наезда на употребени кондоми и влажни марами ја сардиса општина Делчево речиси на сите скришни патишта за пристап кон градот и селата
Вчера си го удрив палецот од ногата во ивичњак на улица. Барам од владата….
Трамп на првиот ден ги ослободи своите соборци, се надеваме дека нашата влада ќе се ангажира да се тргне дамката која ни ја ставија предавниците