Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, го посети Албанскиот театар по повод Меѓународниот ден на театарот, во рамки на активностите организирани за „Денови на отворен театар“.
За време на посетата, тој имаше можност да се сретне и со повеќе деца, кај кои јасно се забележуваше желбата и љубовта што оваа генерација ја негува кон културата и театарската уметност.
Заедно со директорот на Албанскиот театар, Исмет Рамадани, ги посетија внатрешните простории на институцијата, каде одблизу се запознаа со условите во кои се одвива уметничката работа, како и со посветеноста на персоналот за реализација на квалитетни претстави за публиката. Воедно, беше презентиран и процесот на подготовка на претставите, сценографијата, како и континуираната работа што стои зад секоја сценска изведба.
Посетата беше оценета како инспиративно искуство, при што беше нагласена важноста на театарот како простор за едукација, креативност и комуникација. Ентузијазмот на децата и младите беше истакнат како јасен показател дека уметноста и културата ќе продолжат да се развиваат и во иднина.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Берово се приклучи кон одбележувањето на 150 годишнината од Разловечкото востание
Божиновска на Belgrade Energy Forum 2026: Македонија ја зацврстува позицијата како активен регионален партнер во енергетската транзиција
Градинките во Аеродром се претворија во еко-работилници: малите херои учеа како се селектира отпад